Вистинит наслов е поважен од атрактивен наслов
Насловот на текстот кој го рецензираме е класичен пример за манипулација на јавноста. Написот пренесува информација, но со насловот непотребно се крева паника и се шири лажна вест
Нема закани за меѓуетнички конфликт, но има лажни обвинувања
Новинарската опрема на текстот, посебно тврдењата содржани во лидот на информацијата, се проблематични од аспект на вистинитоста и утврдените новинарски стандарди за објективно и вистинито информирање. Со други зборови, она што го кажува изворот во написот, не соодветствува со начинот како тоа им е претставено на читателите
Медиум ли е, судија ли е?
Текстот е нецелосен, необјективен и тенденциозен, од насловот до заклучокот, кој, всушност, претставува коментар. Тој предизвикува лавина реакции на ФБ, шири сензационализам, наместо да влијае на едукацијата на возачите и почитувањето на пропишаните правила. Текстот се повикува единствено на видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук, што не е доволен извор, односно во него недостига втората страна
Анонимен автор, анонимен извор, конкретна цел
Јавно клеветење или изнесување на неповолни факти за некого од анонимност е пашквила, достојна само за медитеранските комедии и таа ситуација не е достојна за степенот на посакуваната одговорност во едно општество како нашето
„Фејсбук“ не е доволен за професионален новинарски напис
Текстот што е предмет на оваа рецензија е нецелосен и необјективен. Имено, написот се повикува единствено на статус и видео објавени на социјалната мрежа „Фејсбук“, што не е доволен извор, односно недостига втората страна.
Линк...