Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Седум години стара фотографија од таткото на Бојан Маричиќ извадена од контекст

Tекстот изоставува важен сегмент, кој комплетно го менува контекстот на објавата. Во написот фали коментарот што Момир Маричиќ го напишал под фотографијата: „Култот уште живее, ама само во вакви музеи кои служат за опомена“, од каде што јасно произлегува дека го осудува фашизмот и нацистичката идеологија и не е нејзин поддржувач

На Гибралтар не се случил масакр од вакцините против ковид-19

Информациите објавени во постот што го рецензираме се неточни и креираат несигурност во јавност во период кога земјата се подготвува за широка вакцинација на населението против ковид-19. Посочените смрнти случаи немаат никаква врска со вакцините, како што потврдуваат здравствените власти во Гибралтар

Женско бебе од Краков преставено како да е машко бебе од Македонија

Под оваа објава има речиси 60 коментари со честитки за раѓањето на бебето и речиси 400 допаѓања. Сите корисници на социјалната мрежа, кои искоментирале, поверувале во објавата и им посакуваат сè најубаво на родителите и бебето. Но, сите овие луѓе се измамени. Оваа објава е невистинита

Не е вистина дека Македонците во странство ќе останат непопишани поради неважечки пасош

Законот за попис не бара поседување на важечки пасош како услов за попишување на претстојниот попис закажан во април оваа година. Исто така, од Кабинетот на портпаролот на Владата ни потврдија дека за попишување нема да биде потребен пасош, туку само единствен матичен број на граѓанинот

Носењето маска не предизвикува канцер

Медицинската наука има докажано дека употребата на заштитна маска не го намалува нивото на кислород во организмот, а со тоа ни во клетките. Сите највидни медицински институции во светот го поткрепуваат ваквото мислење, а...