Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Непроверен фејсбук-статус не е веродостојна информација

Текстот што го рецензираме е политички мотивиран и има за цел да го оцрни сопругот на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, а со тоа и самата министерка. Написот нема никакви докази за напишаното и наместо на проверени информации се повикува на статус објавен на Фејсбук

Не е вест информацијата со негативна тенденција проследена со „анонимен извор”

Критиката е неразделен дел од новинарското известување, но е соодветна кога има основа, кога е образложена, кога се откриваат факти... Во случајот на текстот што се анализира, местото на критиката е преземено од коментарите,...

Фотографија стара една година сервирана како Груевски на албанска граница

Фотографијата, која на јавноста ѝ се сервира како ексклузивна и за која се вели дека го покажува од осудениот поранешен премиер Никола Груевски на граничниот премин меѓу Албанија и Црна Гора при неговото бегство за Унгарија, е, всушност, најобичен принтскрин (стоп кадар) од видео клип направен пред речиси една година, на 21 декември 2017 година и нема врска со Груевски на граница

Ако тврдите дека економијата тоне, треба да одговорите зошто

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи „тонењето на економијата“ не може да се доведе во корелација со задолжувањето, кое во текстот се однесува на aукција на државни хартии од вредност. Имено, станува збор за редовна активност на Министерството за финансии, согласно календарот за аукции објавен на нивната веб-страница. Министерството за финансии во однос на оваа aукција на државни хартии од вредност информираше дека запишани се 21,13 милиони евра, а 21,3 милиони евра ќе се вратат по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност и со тоа нето задолженоста на Влчадата по основ на државни хартии од вредност се намалува за 170 илјади евра

Заев и Орбан не можеле да се прават дека не се познаваат затоа што...

Написот тврди дека Заев и Орбан не се сретнале за да разговараат за Груевски на Самитот на шефовите на владите на Централно-европската иницијатива во Загреб „и покрај тоа што седеа на заедничка маса“. Ова е целосна манипулација и невистина. Двајцата премиери не можеле да седат на иста маса ниту да се прават дека не се познаваат од проста причина што унгарсиот премиер Виктор Орбан не ни бил присутен на настанот, а камоли да седи на истата маса со Заев