Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Наслов „истресен од ракав“

Текстот кој го рецензираме нема врска со насловот. Насловот е драматичен со цел да привлече што е можно повеќе кликови
Screenshot nga lajmi qe recensohet

Со „јак“ наслов, но непроверена вест – не бива новинарство

Постојаното бомбардирање со информации ја збуни публиката и нема „филтер" со кој би можело да се разликува што е лажна вест, а што не, и што е претерано или не во насловот на некој...
Screenshot nga lajmi qe recensohet

Затворете уши, голема врева за време на изборниот молк

Читателот треба да биде внимателен и да шита меѓу редови кога се работи за објавени написи со кои се прекршува изборниот молк. Во тој слушај, читателот пред да ја прими пренесената порака, треба да ги има во предвид интересите на медиумот, било финансиски или од друга природа, поради кои го направил прекршокот. Читателот треба да биде претпазлив, и да ги анализира со критичко око таквите информации кои се продаваат како „вести„ но позади кои што всушност  се крие политичка пропаганда при тоа прекршувајќи ги прописите за разни придобивки.

Демант, бездруго, мора да се објави

Текстот што го рецензираме, пренесува изјава на пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ за наводно незаконско вработување во Централниот регистар. За овие тврдења, Централниот регистар испрати демант, кој медиумот не го објави.

Критики тон, извори ни за лек

Паничен опис на состојбата во АРМ, кој е многу застрашувачки и предупредувачки. „Македонија маршира кон НАТО, без тенкови и возила во кои не е сменето маслото, војниците се жедни и гладни, не се ни бањати, во касарните, прокиснуваат покривите“. Ваков текст, кој не е поткрепен ни со еден доказ и валиден извор, дека тоа што е напишано е вистина, кај граѓаните може да предизвика страв и загриженост дека Македоија е без војска, а со тоа е загрозена и нејзината безбедност