Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Кога насловот е подолг од веста, а веста ништо не кажува

Целата вест се состои од една единствена реченица, со извор од Фејсбук профилот на познатата манекенка и фото-модел, но ниту таа ќе ја препознаете на фотографијата, ниту, пак, ќе го видите „светскиот терк“ на забавата за бебето на Аделина Тахири. Фото-веста не ни доловува ништо од атмосферата, освен две-три чинии со колачиња, или што и да е од послужувањето, а дури има и грешка во името на манекенката (напишано со мала буква)

Кој високо лета, ниско паѓа

Хаотичен и на моменти  хумористичен текст во кој без факти категорички се тврди „дека прскањето против комарци е неуспешно и дека за таа намена Шилегов најмил авиони кои поставувале само мамки за вакцинирње лисици“

Вистинит наслов е поважен од атрактивен наслов

Насловот на текстот кој го рецензираме е класичен пример за манипулација на јавноста. Написот пренесува информација, но со насловот непотребно се крева паника и се шири лажна вест

Нема закани за меѓуетнички конфликт, но има лажни обвинувања

Новинарската опрема на текстот, посебно тврдењата содржани во лидот на информацијата, се проблематични од аспект на вистинитоста и утврдените новинарски стандарди за објективно и вистинито информирање. Со други зборови, она што го кажува изворот во написот, не соодветствува со начинот како тоа им е претставено на читателите

Медиум ли е, судија ли е?

Текстот е нецелосен, необјективен и тенденциозен, од насловот до заклучокот, кој, всушност, претставува коментар. Тој предизвикува лавина реакции на ФБ, шири сензационализам, наместо да влијае на едукацијата на возачите и почитувањето на пропишаните правила. Текстот се повикува единствено на видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук, што не е доволен извор, односно во него недостига втората страна