Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Неумесен и недоличен текст без никаков јавен интерес

Наспроти, тоа што го дефинираат етичките и професионални новинарски стандарди,  овој текстот е крајно неумесен. Целиот напис, вклучително и насловот не се водени од јавниот интерес, независно што политичарите поради специфичноста на нивната работа треба да бидат изложени на повисок степен на јавна критика. Не е од никаков јавен интерес дали пратеничката носела или не носела памперс пелени додека била во скафандер! Недостојно и омаловажувачки е да се спушти нивото на јавната дебата толку ниско за да се коментира како некој што е позитивен на ковид ги извршувал физиолошките потреби

Дезинформација – нема предлог за поделба на Северна Македонија

Веста на прв поглед дава многу погрешен впечаток, бидејќи го претставува прашањето за поделба на Северна Македонија помеѓу Бугарија и Албанија како да е предлог на високо ниво и многу сериозен. Но, сериозноста се губи во моментот кога ќе го прочитате насловот којшто воопшто не е добро структуриран од јазичен аспект. Некои букви се големи, некои мали. Оваа небрежност ја покажува (не)грижата на авторот на текстот да биде точен и етички коректен пред читателите. Другиот суштински проблем е фактот дека на овие информации им недостасува вистинскиот извор. Се споменува бугарски весник, но неговото име не е цитирано.

Латас е казнет за возење над дозволената брзина, но текстот не го проверил тоа

Написот што го рецензираме е непрофесионално изработен. Тој нафрла информации за кои нема никакви извори, ниту пак, истите се проверени и потврдени или демантирани.

Партиската припадност и криминалот не треба да се мешаат

Рецензираме текст со тенденциозен наслов: ,,Уште еден член на СДСМ фатен со дрога”, објавен деновиве на порталот „Инфомакс“во рубриката „Хроника“. Во овој напис се мешаат фактите и мислењaта, нешто што според Кодексот на новинарите не е дозволено. Но, уште попроблематичен е  начинот на кој е пренесена информацијата од билтенот на Министерството за внатрешни работ. Притоа намерата е случај во којшто едно лице е осомничено за криминал, да се прикаже како криминал на една политичка партија. Поголем фокус во целиот наратив е ставен на СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев, отколку на тоа дека некоја личност е осомничена за шверц на кокаин.

Манипулација со немедицински шприцови фрла сомнеж врз процесот на вакцинација

На социјалните мрежи кружи видео во кое се тврди е прикажан доказ за лажниот начин на вакцинација. Но, на видеото јасно се гледа дека овој тип на шприц воопшто не личи на медицински шприц. Иглата е многу дебела и се гледа дека воопшто не може да навлезе во кожата. Оригиналното видео беше објавено од „Crimson Hands FX“ на Јутјуб на 11 февруари 2021 година, компанија со седиште во Флорида, која произведува опрема и разни реквизити за филмови. Манипулацијата се прави во време кога населението треба да се вакцинира против ковид-19, а со цел да се предизвика недоверба во процесот на вакцинација.