Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Нострадамус не предвидел дека до 2024 година „небото ќе му пресуди на човештвото“

Пост на „Фејсбук“ сензационалистички тврди дека „небото ќе му пресуди на човештвото“, ќе дојде до трета светска војна и дека тоа ќе се случи до 2024 година, што е за три години отсега. Овие...

Неточна објава за запленувањето на бугарски книги шири омраза на „Фејсбук“

Царината не ги запленила книгите од патриотски причини, како што тврди фејсбук-објавата, туку поради тоа што увозот не бил согласно законот. За ова имаше и реакција и од Царината, во која се вели дека...

Ковид-19 не е измама, туку таквото тврдење е манипулација и лага

Комплетно несериозно е да се кажува дека ковид-19 е измама, во ситуација кога во болниците има голем наплив на пациенти, се отвораат нови и нови одделенија за да се најде кревет повеќе, медицинскиот кадар...

Лажна е информацијата дека партиската книшка на СДСМ е тикет за вакцинација

Рецензираме вест на порталот Република, во чиј наслов се тврди: „СДСМ прави списоци за приоритетно вакцинирање, партиските книшки тикет за вакцина“. Во текстот е споделена фотографија која личи на мејл комуникација којашто наводно ја испратил генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Фотографијата од наводната кореспонденција меѓу Николовски и членството на СДСМ е фотомонтажа, не е вистинита и има за цел да создаде недоверба во начинот на кој се приоритизираат граѓаните што ќе се вакцинираат во Македонија. Информацијата ја демантираше и СДСМ: „Ова е невистина, лажна вест, целосна измислица со креирана графичка монтажа“.

Новинарот не треба да ги прашува или збунува граѓаните, туку да ги информира

Нешто не е во ред со новинарскиот текст во моментот кога новинарот констатира нешто многу важно и што потенцијално може да му наштети на имиџот на одредена политичка партија, и на крајот од сето тоа, во насловот, констатацијата ја завршува со прашалник (?). Не, не е работа на новинарот да прави претпоставки или да ги прашува граѓаните, туку напротив, да одговори на нивните прашања. Меѓутоа ова не е случај со веста што ја рецензираме.