Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Манипулација со старо видео со конспиративна содржина

На социјалните мрежи и на некои портали многу често гледаме дезинформации. Понекогаш самите наслови на одредени текстови збунуваат една група читатели, а друга, пак, ја иритираат, што се потврдува со коментарите добиени како „повратна информација“.  Одредени медиуми, во отсуство на оригинални информации, честопати сервираат и текстови со теории на заговор, издвојуваат митолошки фигури, злоупотребуваат видеа и сeтo ова го сервираат како информација.

Жителите на Коњаре не биле уапсени, туку повикани на информативен разговор

Единствената цел на текстот што го рецензираме е да рекламира министер на одредена партија, за да собере политички поени за наведениот министер, и тоа преку дезинформација. Написот зборува за апсењето на неколку жители на Коњаре, но тие не биле уапсени туку само повикани во полициска станица на информативен разговор.

ЦДЦ не призна дека маските не штитат од ковид-19

Текстот тврди дека маските немаат некој голем ефект во спречувањето на ширењето на ковид-19 и притоа се повикува на најновата студија на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Но, доколку ја прочитате студијата, ќе сфатите дека таа нема никаква врска со тврдењата искажани во написот.

Не е точно дека СЗО не дозволува обдукции на починати од ковид-19

„Големото откритие“ претставено во овој пост на „Фејсбук“, всушност, е една голема манипулација. Оваа објава, со оглед на тоа дека е вирална и има над 1.000 споделувања, а се шири и на „Вибер“, претставува...

Измислен настан во Египет злоупотребен за магнифицирање на верските чувства

Нашата проверка покажа дека настанот не е вистински, туку е многу стара измислена приказна, којашто циркулира на интернет 17 години. Првпат таа почнува да се препраќа по мејл во 2004 година, со наслов: „Приказни...