Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Ковид-19 не е предизвикан од бактерија и нема да исчезне во август

  Илија Бошков-Крајнички - човекот познат по правењето хороскопи, тврди дека SARS-CоV-2, е бактерија (!), а дека Кремљ предвидува нагло прекинување на присуството на ковид-19 во светот на 1 август   Пишува: Љубомир Костовски   Познатиот креатор на хороскопи...

Задолжителната вакцинација не е физички напад и кривично дело

Овoј пост е дел од кампањата против вакцините и вакцинирањето, којашто масовно се шири преку различни типови лажни објави на социјални мрежи. Освен што задолжителната вакцинација се спроведува според закон, таа се спроведува и согласно Уставот. Важна информација што треба да ја знае јавноста за да не подлегнува на манипулации е дека вакцинирањето против новиот коронавирус се врши на доброволна основа, а не е задолжително и таа вакцина не е влезена во задолжителниот календар за вакцинација, ниту во кој било закон

Дивеењето на навивачи во Шкотска претставено како „крај на лажната пандемија“

Постот што го рецензираме е со пропуштен контекст, односно настанот на видеото навистина се случил - станува збор за прослава на навивачите на шкотскиот фудбалски тим Ренџерс, но тој во оваа објава на „Фејсбук“ намерно е претставен погрешно - како прогласување на крај на некаква лажна пандемија. Со самото тоа што во постот се премолчува дека станува збор за фудбалско славење во време на пандемија и наместо тоа настанот го прогласува за „крај на лажната пандемија“, се врши манипулација

Не, ракот не исчезнува со четири лажици ореви, мед и лимони дневно!

Објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ дезинформира дека мешавина од: мед, лимони, лук, пченица и ореви, е чудотворен лек за рак. Врз основа на медицински мислења на двајца доктори, директорот на Клиниката за онкологија и уште еден лекар од истата клиника, оценуваме дека не е вистина оти храната е лек против ракот, иако секој човек треба да се храни здраво и да се грижи за своето здравје

Снегот во Тексас не беше вештачки предизвикан од Бил Гејтс

  Во текот на месец февруари Тексас се најде под од силно зимско невреме, а социјалните мрежи беа под опсада од нова бура на заговори. На социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави вирално видео, во кое...