Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Пандемијата и оставката на директори на корпорации немаат врска едно со друго

Точно е дека само дел од компаниите имале смена во раководната структура, меѓутоа не постојат докази ниту никакви индиции дека смената е поврзана со пандемијата

Не наседнувајте! Лажна докторка нуди неодобрен лек за цистит

Центар со баш такво име - Британскиот центар за урологија и гинекологија, не постои. Докторка со име Елизабет Вилсон постои во градот Колумбија во државата Мисури во САД. Споредбата на  фотографијата од вистинската докторка Вилсон и наводната докторка од текстот што го рецензираме покажува дека станува за сосема друга личност. Оваа докторка никако не може да се поврзе со лекот што се рекламира во текстот, кој не може да се најде на официјалниот регистар на лекови на Министерството за здравство, што значи тој не е одобрен ниту препорачан од официјални институции

Заштитните маски не предизвикуваат бактериска пневмонија

Насловот на текстот се темели на изјава на доктор Џејмс Михан, но испуштено е да се наведе дека тој не кажува оти носењето маска е причина за бактериска пневмонија, туку неправилното носење маска, што е различно. Тоа  за „Вистиномер“ го потврдија и  етаблирани медицински стручни лица. Исто така, повеќе реномирани сервиси за проверка на факти како невистинито го оценија тврдење  дека носењето маски предизвикува бактериска пневмонија

Не е точно дека сите што примиле вакцина за грип, добиле и Ковид-19, а...

Во отворената Фејсбук група ,,Здравје со игла не влегува" споделена е научна статија од Peer J, база на научни статии од областа на медицината. Во описот на статијата, заклучоците од научната студија се погрешно...

Бројот на тестирани и новозаразени со корона вирусот не зависи од „фармакомафијата“

Невистина е дека бројот на тестирања и бројот на новозаразени се „штелува“ за да се збогати „фармакомафијата“, зашто тоа не може да се прави, а да не се забележи, ниту, пак, состојбата со епидемијата...