Денешната бројка на нови пациенти со Ковид-19 не е „околу 200“, туку 125

 

[Рецензија: ПРВИ ДОЗНАВАМЕ: ДЕНЕС БРОЈКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИ Е ОКОЛУ 200]

 

Линк до оригиналниот напис: ПРВИ ДОЗНАВАМЕ: ДЕНЕС БРОЈКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИ Е ОКОЛУ 200

Датум и време на објавување: 6.6.2020

Датум на рецензија: 6.6.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Порталот неофицијално дознал дека бројката на новозаразени со корона-вирус во текот на последното деноноќие е околу 200 лица. Сепак, откако беше објавена официјалната статистика за денот од страна на Министерството за здравство, позитивни на корона-вирус се 125 лица, бројка што е за 75 пациенти пониска од таа што неофицијално се споменува во целиот текст што го рецензираме.

Во членот 1 од Етичкиот кодекс на новинарите пишува дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации.

Бројот на новозаразените е помал отколку што објави овој медиум. Информацијата беше пренесена и на други медиуми.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.

Со реакција излезе и министерот за здравство, Венко Филипче, замолувајќи ги медиумите да не објавуваат шпекулативни бројки уште рано наутро, како што тоа било случај во изминатите денови.