Денови на медиумската писменост: Безбедност на интернет – покана за вебинар

Проектот „Критинк“ ве поканува на вебинарот „Безбедност на интернет“, кој ќе се одржи на 24 октомври, од 11 часот, како дел од Деновите на медиумската писменост.

Учесниците ќе може да стекнат знаења за основите на безбедноста на интернет во контекст на критичко мислење за предностите и ризиците поврзани со новите дигитални медиуми.

Учеството е отворено и бесплатно, со претходна регистрација преку следниот линк:
https://register.gotowebinar.com/register/9151981149208924172

Агенда
– Медиумската писменост како дигитална писменост
– Основи на приватноста во дигиталниот свет
– Дигитална безбедност – корисни совети
– Механизми на пријава и законска заштита
– Потреба за доживотно учење – методи на неформално образование
– Дискусија со прашања и предлог-решенија од експерти

Предавачи
– Филип Стојановски, експерт за ИКТ и раководител на проектот „Критинк“
– Елена Стојановска, експертка по приватност
– Гоце Арсовски, психолог и истражувач

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ е спроведуван од „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Повеќе информации за сите настани од Деновите на медиумската писменост се достапни на веб-страницата на Мрежата за медиумска писменост mediumskapismenost.mk.