Девојка на „Тик-ток“ преку видеа ги коментира и рангира теориите на заговор во светот (видео)

Студентката Аби Ричардс стана актуелна на социјалната мрежа „Тик-ток“, откако почна да објавува видеа во кои ја презентира својата превртена пирамида со теории на заговор што се шират низ светот. Во табелата таа ги рангира од: работи што навистина се случиле, работи за кои јавноста има прашања, научно негирање што е опасно за себе и околината, како и „точка од која нема враќање“.

Самата табела се покажа толку популарна што Ричардс сега објавува серија видеа во кои ги објаснува рангирањата со свои зборови. Видеата иако се смешни, воедно се информативни.

Во едно од нив, Ричардс објаснува за заговорите за кои се знае дека се вистински, вклучувајќи ги и разните операции на ЦИА.

Следниот дел од графиконот прикажува теории на заговор за кои луѓето имаат легитимни прашања, но за нив има шпекулации. Ова вклучува теории за разни јавни личности кои мистериозно починале, како што се Мерлин Монро, принцезата Дијана и Кенеди.

Во третиот дел, како што вели Ричардс, ја преминуваме линијата „напуштање на реалноста“ и влегуваме во навистина чудни работи што се прилично безопасни за општата човечка популација. Ричардс се повикува на теориите како на пример: пејачката Аврил Лавињ има двојничка, принцот Чарлс е вампир, Грета Тунберг патува низ времето, вонземјани го имаат изградено Стоунбриџ и слично.

 

@tofologyBreaking down my chart! I’m so excited to do all of these!! ##part1 ##conspiracytheories ##rationality ##politics ##PetThings ##theconspiracychart♬ Blue Blood – Heinz Kiessling & Various Artists

Следува делот каде што се отфрлаат тврдењата на науката за тоа дека корона-вирусот е направен во лабораторија, теориите на заговор поврзани со 5Г-мрежата, диносаурусите не постоеле, глобалното затоплување е измама, Финска не постои, есенцијални масла ги лечат сите болести итн.

Во последниот дел од пирамидата односно, „точката од која нема враќање“, Ричардс ги вметнува најпознатите теории меѓу кои се тие поврзани со Бил Гејтс и чипирањето, тврдењето дека земјата е рамна, слетувањето на Месечината е излажирано, изводот за родени на Обама е лажен, негирањето дека се случил холокаустот, како и сѐ она што е поврзано со Џорџ Сорос и со илуминатите.