Дезинформација – нема предлог за поделба на Северна Македонија

Lajmi që po recensojmë

Веста на прв поглед дава многу погрешен впечаток, бидејќи го поставува прашањето за поделба на Северна Македонија помеѓу Бугарија и Албанија како да е предлог на високо ниво и многу сериозен. Но, сериозноста се губи во моментот кога ќе го прочитате насловот кој воопшто не е добро структуриран од јазичен аспект. Некои букви се големи, некои мали. Оваа небрежност ја покажува (не)грижата на авторот на текстот да биде точен и етички коректен пред читателите. Другиот суштински проблем е фактот дека на овие информации им недостасува вистински извор. Се споменува бугарски весник, но неговото име не е цитирано.

Веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: Предложена е поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија.

Датум на објавување: 21.3.2021

Датум на рецензија: 3.4.2021

Рецензент: Наиле Даути

 

Лажна вест

Веста што ја рецензираме е невистинита, доказ за тоа e фактот што овој таканаречен предлог не беше пласиран од некоја официјална бугарска институција. А, доколу беше официјално кажан, тогаш веста ќе можеше да биде важна. Идеите што можат да ги исфрлат некои медиуми не можат да се наречат предлози, туку тврдења.

Еден бугарски весник излезе со интересен предлог, предлагајќи поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија – се вели во текстот.

Нешто друго што паѓа в очи е фактот што не е цитиран весникот којшто, наводно, излегол со ваков предлог. Истражувавме за да го пронајдеме медиумот што ја исфрлил оваа идеја за подобро да им го разјасниме случајот на читателите, но не најдовме ништо. Нецитирањето на медиумиот на којшто се повикувате може да значи дека имаме работа со лажно повикување.

Сега, по изјавите на Зоран Заев, не ни останува ништо друго освен да започнеме преговори со Албанците за поделба на Вардарска Македонија меѓу Албанија и Бугарија. Секој што пишува за Македонија знае дека таа ќе биде поделена меѓу Албанија и Бугарија, но сите се прават наудрени дека не се запознаени со проблемот и очекуваат некој друг да го реши, се вели понатаму во текстот.

Овде, можеби дури и на самиот автор не му е јасно за каква изјава на премиерот Заев станува збор, со оглед на тоа што не се прецизира конкретно на која изјава се мисли.

Па, бидејќи нема никаков извор и не може да се најде ниту еден медиум којшто објавил таков „предлог“, може да се каже дека оваа вест е само измислица на самиот автор.

Еден од принципите на Етичкиот кодекс на новинарите (член 4) е дека:

Новинарот треба да го објави изворот на информацијата, освен ако тој не сака да остане анонимен.

Концептот за манипулација

Во овој случај авторот преку ефектот на промашена инвестиција поддржува една неповолна опција, можеби поради тоа што има напнатост – спорни прашања меѓу двете земји. Следствено, авторот користи повикување на емоции до одредена категорија граѓани. Исто така, во овој случај авторот користи тенденција за насочување на вниманието, посветувајќи поголемо внимание на информациите кои носат поголема емоционална или когнитивна вредност, притоа игнорирајќи ги другите информации, дури игнорирајќи ја и невистинитоста на самата информација.

За читателите:

На ваквите вести во кои нема извор на информацијата не треба да им се верува, особено ако информацијата не ја најдете во некој кредибилен медиум. Исто така, кон вестите од ваква природа, дури и кога е наведен некаков извор, треба да се пристапи со голема внимателност и тие не треба да се споделуваат, бидејќи може да влијаат на влошување на меѓуетничките односи во земјата.

Затоа, немојте да станете жртва на такви идеи. Времето на поделба на територии заврши. Сега сите балкански земји се обидуваат да се зачленат во ЕУ со сегашните граници и ги избегнуваат проблемите од минатото, па затоа медиумите треба да помогнат во оваа насока, а не да го прават спротивното.