Про-Кремљ медиумска кампања против вакцината на „Фајзер“
Про-Кремљ медиумите ја совладуваат уметноста „скоро да не лажат“. Неколку од овие медиуми внимателно известуваат буквално за секој случај на евидентирани несакани ефекти на вакцината на „Фајзер“, додека исто толку внимателно избегнуваат какви било извештаи за проблеми со руската вакцина „Спутник V“, пишува во последниот напис „Еувсдисинфо“, што го пренесува „Критинк“.
Државната новинска агенција „РИА Новости“ воведе ознака Pfizer, Inc. за да им помогне на своите читатели да го насочат вниманието на опасностите од вакцината на САД и Германија. „Ирска бележи повеќе од 80 несакани ефекти на вакцината Фајзер“, „Киргистан ја отфрли вакцината на Фајзер“; Агенцијата на ЕУ ја одобри вакцината на Фајзер под притисок.“ „Еден мртов во Белгија по вакцината од Фајзер“, „Десет мртви во Германија од вакцината Фајзер“, „23 мртви во Норвешка“ – сите овие наслови се појавија помеѓу 14 и 19 јануари.
Слична е сликата и во другите медиуми во Русија. „Газета.ру“, еден од најголемите новински сервиси во земјата има слични написи: „Десетици смртни случаи во Норвешка по вакцината на Фајзер “; „Најмалку десет мртви во Германија“. Државниот радиодифузен сервис известува: „Докторот почина од внатрешно крварење по вакцината на Фајзер“. Вакви и слични примери може да се прочитаат и на RT.com, Спутник и RIAFAN.
Познато е дека не само вакцините, туку кој било лек има несакани ефекти. Но, провладините руски центри на дезинформации избираат изолирани инциденти, селективно и манипулативно известуваат, креирајќи слика на голема катастрофа. На пример, Норвешка, всушност, регистрирала бројни смртни случаи на стари лица, изнемоштени пациенти по приемот на вакцина. Но, нема докази за каузална врска помеѓу примената вакцина и смртните случаи. Овие написи се полни со полувистини, во нив има многу малку од вистината, а многу други работи освен вистината, се вели во написот на „Еувсдисинфо“.