Руската државна телевизија пренесе наводна измама на изборите во САД. Бројките беа зачудувачки: 1,8 милион „мртви души“ учествуваа на претседателските избори во САД! Ова претставува популација поголема од четири земји членки на ЕУ. Толку население има во третиот по големина град во Русија, но и во Хамбург или Варшава. Тврдењето е објавено во сите најголеми руски медиуми контролирани од Кремљ, како на пример, дневниот „Известиа“, најголемиот руски веб-сервис „Вести Лента.ру“ и „Росапримавера.ру“, се вели во написот на „Еувсдисинфо“.
Реално гледано, ниту една редакција во светот не може да игнорира извештај во кој се тврди дека има податоци за толку огромна измама на гласачите. Сите горенаведени страници се однесуваат на истиот извор: американскиот тинк-тенк Judicial Watch, каде што првпат се појави оваа информација:
„Judicial Watch“ објави дека студија од септември 2020 година открила оти 353 американски окрузи имаат 1,8 милион повеќе регистрирани гласачи отколку граѓани со право на глас.
За разлика од медиумите во Кремљ, Judicial Watch не тврди дека на изборите гласале 1,8 милион мртви луѓе. Студијата идентификува несовпаѓање како резултат на неуспехот на државите да ги исчистат гласачките списоци пред изборите, а се зборува за периодot септември 2020 година – пред да се затвори регистрацијата за последните претсетадетлски избори во САД.
Проверка на изворите
И, бројката – 1,8 милион се чини дека има одредена магична функција во изборниот контекст. Британскиот весник „Индипендент“ го стори тоа што го прават професионалните новинари: ги проверија изворите и утврдија одредено повторување на бројките. Точно, истиот број се појавил во 2012 и 2016 година – и сега. Околу 8.000 жители на САД умираат секој ден. Осум години се околу 3.000 денa.Така, од 2012 година починале околу 2,4 милионa жители на САД, покрај 1,8 милион починати гласачи до 2012 година. Сепак, бројот на 1,8 милион мртви гласачи остана непроменет. Се добива впечаток дека американскиот изборен систем не ги третира сите мртви гласачи подеднакво.
Медиумите во Кремљ не се обидоа да ги проверат бројките или деталите на извештајот на американскиот тинк-тенк и решија да не ја „расипат“ добрата приказна со проверка на изворите, споредување на бројките или, пак, проучување на податоците. За разлика од професионалното новинарство, каде што ваквите информации не се земаат „здраво за готово“ и се проверуваат, руската државна телевизија едноставно ги емитуваше некритички како што ѝ одговара на медиумската драматургија на Кремљ, според која „демократијата е само битка на никаквеци”.
EUvsDisinfo откри голем број случаи на дезинформации околу изборите во САД, со тоа што генералниот наратив во про-Кремљ медиумите го доведува во прашање интегритетот на изборите и легитимитетот на претседателството на САД како институција. Има повеќе примери за такви проблематични написи, според кои изборот на претседателот на САД, наводно, е под контрола на Сорос или на „длабоката држава“, а сега изборот намерно се компромитира и со тврдења дека гласеле починати лица.