„Еувсдисинфо“: САД, Полска, Белорусија и Молдавија во фокусот на дезинформациите на про-Кремљ медиумите

Еувсдисинфо“ пишува дека во изминатиот период  дезинформациите на про-Кремљ медиумите беа фокусирани кон САД, Белорусија Молдавија и Полска.

Според еден лажен наратив, руската воена морнарица се закани дека ќе нападне американски воен брод, откако наводно поминал во руските територијални води. Бродот спомнат во текстот, всушност, го изведувал она што американската морнарица го опишува како операција за слободна пловидба во близина на заливот „Петар Велики“, за кој Русија тврди дека се руски територијални води, а САД  ги сметаат за меѓународни води.

Друг наратив, сурфајќи на истиот бран на наводна проектирана американска агресија, тврди дека Џо Бајден планира да ја најде следната жртва за Пентагон и да испроба нови системи за оружје.

Одејќи кон исток, „Еувсдисинфо“ виде наратив во кој Маја Санду, новоизбраната претседателка на Молдавија, сака да овозможи  второ  Нагорно Карабах во Приднестровје. И патем, според про-Кремљ медиумите, Санду не победила на изборите праведно, туку со измама. Трет случај на дезинформации поврзани со Молдавија, тврди дека со Санду на чело ќе се засилат ретроградните процеси што ќе доведе до неизбежен колапс на земјата.

Покрај тоа, забележавме мрежа на лажни вести за Полска и Белорусија. Се тврди дека Полска и Литванија директно го контролираат пучот во Белорусија. Зошто Полска би го сакала тоа? Можеби затоа што територијата на Западна Белорусија историски припаѓа на Полска? Ова беше аргументирано од полскиот премиер – повторно, според друг лажен наратив, проследено со лага дека Полска го повикува НАТО да воспостави специјална воена сила што ќе се користи против Белорусија.

Полска е омилена цел оваа недела. Лажен наратив тврди дека полските протести против обидите да се ревидира улогата на СССР во масакрот во Катин се негирање на реалноста. Ова го видовме порано во срцето на политиката на Кремљ за историски ревизионизам и како обид за искривување на вистината за советските злосторства извршени против Полска.

Неделата за дезинформации не би била целосна без Џорџ Сорос. „Еувсдисинфо“ го откри лажното тврдење дека ЕУ му дозволува на Сорос да интервенира во внатрешните работи на европските земји. Во сличен наратив, ковид-19 е само изговор за потполно преземање на светот од страна глобалната олигархија.