Оваа – 2020 година се приближува кон крајот. Малку е веројатно дека ќе се најде личност на која не влијаеше пандемијата со ковид-19. Па, освен можеби Бил Гејтс и Џорџ Сорос, бидејќи, барем според теориите на заговор што ги пронајдовме, тие го иницираа сето тоа, пишува „Еувсдисинфо“.
Верни на традицијата, ние го донесуваме нашиот список што не се случило оваа година. Тоа ја демонстрира раскошната колекција на неверојатнитe настани и невозможните предвидувања што не се случија, без разлика колку про-Кремљ медиумите се обидоа да не убедат во спротивното. Вклучувајќи го и наративот според кој, тие не шират дезинформации.
Анализирајќи ја оваа година, не можеме да го игнорираме настанот што, сепак, се случи: пандемијата на ковид-19. Оваа пандемија дополнително беше влошена од „инфодемијата“: намерни обиди за ширење лажни информации за да се поткопа реакцијата за јавното здравство.
Овие обиди вклучуваат многубројни екстравагантни предвидувања што не се случија. Нашата база на податоци опфаќа скоро 700 случаи на дезинформации за ковид-19.
Неколку примери:
Корона-вирусот дојде на Земјата од вселената преку метеорит и се шири низ ветрот
Ковид-19 е проба за вистинското апокалиптично оружје
Професор од Харвард уапсен за создавање на ковид-19
Ковид-19 е биолошко оружје за да се направи популацијата на планетата неплодна
Корона-вирус е измислен од Рокфелерс и Римскиот клуб
Смешно е, бидејќи не е точно.
Сепак, ковид-кризата ги направи дезинформациите поубиствени од кога било.
Пред 2020 година, за многу луѓе, заканата од дезинформација изгледаше донекаде апстрактна. Меѓутоа во оваа пандемија луѓето, под влијание на дезинформација, започнаа да експериментираат со опасни материи и дури беа информирани дека „миењето раце е бескорисно“. Всушност, луѓето беа дезинформирани до смрт.
Првиот случај што го покривме, на 22 јануари, тврди дека корона-вирусот е вештачки вирус. Потоа, видовме случаи како се минимизира опасноста од вирусот. На пример:
Главните медиуми и владите ја преценуваа заканата од корона-вирусот
Нема ни трага од пандемијата на корона-вирус
За жал, тоа им успеа.
Целиот напис може да го прочитате на „Еувсдисинфо“.