Еве како „вест“ од еден пасус крши пет новинарски принципи

Веста што ја рецензираме е синоним за тоа како еден „новинар“ преку една „вест“ којашто се состои од само еден параграф, сепак успева да прекрши дури пет од вкупно 17 правила на „Етичкиот кодекс на новинарите“ . Овој напис е пристрасен, сензационалнистички, со говор на омраза,  не ја негува културата на говорот и етиката, нема политичка дистанца и нема автор.

Foto nga lajmi që e recensojmë

Линк до оригиналниот напис: Личните карти, Монструм, Алмир… нема предавство што може да го исфрли Движењето БЕСА од Владата!

Датум на објавување: 2.3.2021

Датум на рецензија: 5.3.2021

Рецензент: Ардит Рамадани

Тргнувајќи од насловот на оваа вест, со толку малку зборови колку што се дава можност да се напише еден наслов, (анонимниот) авторот се обидел максимално да допре до емоциите на читателите и да биде што е можно посензационален, споменувајќи судски случаи со кои Албанците од Северна Македонија се емотивно поврзани.

„Личните карти, Монструм, Алмир… нема предавство што може да го исфрли Движењето БЕСА од Владата!“ – преку овој наслов, авторот се обидува да создаде револт кај читателите против една политичка партија, споменувајќи притоа судски случаи и индиректно обвинувајќи ја владејачката партија за нив.

Lajmi që recensohet

Феноменот „Повик на емоции“ во Прирачникот за неформално образование на „Критинк“ е јасно дефиниран како: Склоност да се користи говор базиран на убедување наместо факти, со цел да се разбудат емоции кај соговорникот и да се победи во дискусијата.

Етички кодекс

Иако овој напис е краток, со само 1 параграф, авторот успеал да прекрши вкупно 5 правила на Етичкиот кодекс на новинарите, кои се прифатени од сите медиумски организации во земјата.

Точката 9 од овој Етички кодекс, меѓу другото, јасно објаснува дека, во моментот кога новинарот ќе известува за судски случаи, тој треба да биде ослободен од сензационализам.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда, се вели во ТОЧКАТА 9 ОД ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ.

Покрај тоа, во овие вести има говор на омраза што директно влијае на поттикнување омраза кон двата најголеми етникума во земјата. Авторoт на „веста“ пишува вака: „Во меѓувреме, Движењето БЕСА, и покрај заложбите и „заканите“, продолжува со поддршката на антиалбанската политика, па дури и против себе со тоа што останува во Владата што ги дискриминира Албанците“.

Не е работа на новинарот да заклучи дека одредена политичка партија води „антиалбанска“ и „дискриминаторска политика кон Албанците“, тој има обврска да известува непристрасно и целосно ослободен од сензационализам за кој било важен политички настан, но не и да коментира во жанрот на вести.

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…) се вели во ТОЧКАТА 10 ОД ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ.

Од почетокот до крајот на овој напис, авторот коментира и во ниту еден момент не ги информира граѓаните за некој посебен настан.
Коментарите не се забранети за новинарите, но тие може да се објават во друг новинарски жанр – во Уреднички колумна или Коментар, каде што е јасно дека станува збор за коментар.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, Се вели во ТОЧКА 11 ОД ЕТИЧКИОТ КОДЕКСОТ НА НОВИНАРИТЕ.

Целиот напис е подготвен на таков начин за да биде „напад“ кон одредена политичка партија, па затоа авторот во веста ја „прекорува“ политичката партија БЕСА за тоа што таа „не ја напушта Владата“. Авторот на овој напис во ниту еден момент не добил изјава од некој официјален претставник Движењето БЕСА или Владата на РСМ за да ги наведе причините за прашањето што го покренува. Токму затоа веста не е балансирана и е насочена целосно против една политичка партија, во овој случај Движењето БЕСА.

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. „Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти, се вели во точката д 12 ОД ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ.

  • Нема предавство што може да го исфрли Движењето БЕСА од Владата!“
  • „ СДСМ и Зоран Заев, на коалицискиот партнер, Движењето БЕСА, му нанесоа три последователни удари само во последните две недели“,
  • „Движењето БЕСА, и покрај заложбите и ‘заканите’, продолжува со поддршката на антиалбанската политика“

Овие цитати се конкретен пример за непримерна комуникација што не му доликува на вистински новинар.

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. „Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста“, се вели во точка 13 од Етичкиот кодекс на новинарите.