Ова е уште еден пост чија цел е да привлече што е можно повеќе активност на фејсбук-страницата, преку измислена објава која ќе предизвика голем број коментари, реакции и споделувања. Иако не може точно да се каже од каде е фотографијата и кое е детенцето, тоа сигурно не е од Македонија. Оваа иста фотографија веќе неколкупати досега е споделена, како на социјалните мрежи во Македонија, така и на мрежи во други земји. На истиот ден – 14 април, ова момче кое слави роденден беше споделено на неколку македонски фејсбук-страници. Истата фотографија, со истиот текст е објавена на српски јазик на 30 ноември 2020 година, потоа на 3 декември, на 17 декември, па на 25 декември 2020 година, како и на 12 јануари оваа година
Фотографија од машко детенце со торта и свеќички со бројот 10 привлече 1.600 реакции и над 500 коментари на „Фејсбук“ за само два дена. Фотографијата е објавена на фејсбук-страница во пост со придружен текст:
Роденден ми е! Многу ќе ми значи ако ми честита некој!
Вака објавена фотографијата на оваа фејсбук-страница оддава впечаток, прво, дека на детенцето навистина му е роденден на денот кога е објавена фотографијата, а второ дека се работи за детенце од Северна Македонија. И бидејќи во објавата стои дека на детенцето наводно, многу ќе му значи ако некој му го честита роденденот, објавата има стотици коментари со честитки и искрени желби.
Но, ниту детето е од Македонија ниту сега му е роденден. Ова е уште еден пост, чија цел е да привлече што е можно повеќе активност на фејсбук-страницата преку измислена објава која ќе предизвика голем број коментари, реакции и споделувања.
Иако не може точно да се каже од каде е фотографијата и кое е детенцето, тоа сигурно не е од кај нас. Оваа иста фотографија веќе неколкупати досега е споделена, како на социјалните мрежи во земјава, така и на страници на странски јазици.
На истиот ден (14 април), ова момче кое слави роденден беше споделено на неколку македонски фејсбук-страници тука, тука, тука, тука, тука и тука, како и на 12 декември тука и тука.
Истата фотографија, со истиот текст е објавена на српски јазик на 30 ноември 2020 година тука, тука и тука, потоа на 3 декември, на 17 декември тука и тука па на 25 декември 2020 година како и на 12 јануари оваа година.
Сите овие објави имаат илјадници коментари, споделувања и реакции од корисници на социјалните мрежи, кои што поверувале во објавеното и притоа биле измамени затоа што објавите не се реални. Се користи емпатијата на луѓето фатени во емотивна замка да изреагираат на објавените слики кои се чиста измислица, а притоа единствената цел на објавите е да се зголеми видливоста без разлика што објавеното не е точно.
Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „Критинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.