Деновиве националната Мрежа за медиумска писменост беше проширена со нова членка – Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми – „Прогрес“.
„Прогрес“, во партнерство со медиумот 24Vakti, во Скопскиот плански регион го спроведуваат проектот „Развој на медиумска култура кај Ромите за локални промени“, кој е поддржан од програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ кој е финансиран од Европската Унија и го спроведуваат „Метаморфозис“ и „Евротинк“.
Мрежата за медиумска писменост е создадена во 2017 година со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава што работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани.
Мрежата има 57 членки (јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи и радиодифузери) и е контиунуирано отворена за нови членови.
Таа беше формирана по иницијатива на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, но им припаѓа на сите членки, кои заеднички раководат со нејзината работа преку интерни демократски механизми.
Работата на мрежата и можностите за приклучување беа промовирани и на обуката за грантисти на „КриТинк“, која беше одржана од 11 до 13 декември во Скопје, при што дел од присутните организации и медиуми изрази интерес за приклучување во оваа национална структура на соработка.