Во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК со финансиска поддршка на ЕУ, во периодот од 01.10.2018 до 31.03.2019 со грант од 6.999 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „Читај и меѓу редови“ од страна на Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес.
Име на проектот | „Читај и меѓу редови“ |
Грантист | Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес |
Медиумски партнер/и | |
Времетраење на проектот | 01.10.2018 до 31.03.2019 |
Цели на проектот | Општа цел: Зголемување на свеста на младите во Вардарски плански регион за критичко размислување преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста, со користење на аргументи и компетентност.
Краткорочни цели:
|
Целна/и група/и | Средношколци (млади) |
Плански регион | Вардарски регион |
Локации | Велес и Кавадарци |
Главни активности | А.1. Промоција на проектот пред учениците во двете средни училишта во Велес и во Кавадарци. А.2. Одржување на два медиумски средношколски форуми А.3. Едукативни работилници за средношколците А.4. Создавање на финален медиумски производ А.5. Едукативен материјал А.6. Креирање на мрежа за градење на критичка мисла А.7. Заеднички завршен форум за младите |
Буџет | 6.999 евра |