Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – Едукација за медиумска писменост

Шемата за мали грантови на проектот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК, има за цел да им овозможи на локалните граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиумите (локални или национални), да допрат до релевантните засегнати страни, и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.Во рамките на вториот циклус од шемата за мали грантови со финансиска поддршка на ЕУ, со грант од 6821 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – Едукација за медиумска писменост“ од Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија”, Охрид.

Име на проектот „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – Едукација за медиумска писменост“
Грантист  Здружение за мултикултурна интеграција “Инклузија”, Охрид
Медиумски партнер
Цели на проектот Општата цел е да се поттикне граѓанинот, во услови на заситеност со медиумски содржини, критички да размислува и да ја осознае потребата од детектирање на јавниот интерес во мноштвото информации,  односно преку анализа, проверка и евалуација на информациите па дури и креирање на информации да биде активен партиципиент во општествените процеси.
Целна/и група/и   Општа популација
Плански регион Југозападен регион
Локации Општините  Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани
Главни активности А.1. Обука на волонтери за водители на емисиите

А.2. Продукција на едукативно информативни спотови

А.3. Продукција на тв емисии

А.4. Дистрибуција и емитување на едукативните спотови на ТВ, YOUTUBE каналот на ТВ и страните на телевизијата и здружението на социјалните мрежи.

А.5 Организирање на тркалезна маса на тема „ Зголемување на капцитетот на граѓанските организациии медиумите и нивно вмрежување за подобрување на медиумскат писменост во регионот“

Буџет 6821 евра