Не биди медиумска мета

Во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК со финансиска поддршка на ЕУ, во периодот од 01.10.2018 до 31.03.2019 со грант од 5.385 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „Не биди медиумска мета” од страна на Македонски институт за европски студии.

Име на проектот „Не биди медиумска мета”
Грантист Македонски институт за европски студии
Медиумски партнер/и Студентско радио ФМ 92.9
Времетраење на проектот 01.10.2018 до 31.03.2019
Цели на проектот Општа цел: постигнување на високо ниво на медиумска култура и намалување на дистанцата од медиумите. Едукација со цел разбирање на функционирањето на медиумите и критичкото читање на истите.

Краткорочни цели:

  • Заштита од медиумски манипулации: стереотипи, агресивни реклами, лажни вести (fake news), политичка пропаганда, политичко етикетирање,  отуѓување, говор на омраза;
  • Градење на независна лична визија за било кој тип на медиумска содржина;
  • Свесност за опасноста да се стане медиумска мета;
  • Проценка на вредноста на медиумските пораки;
  • Активен учесник во јавната комуникација врз основа на европските вредности;
  • Младиот човек (студент) да се научи да биде активен гледач, независен истражувач и вистински учесник во медиумската комуникација;
Целна/и група/и  Студенти
Плански регион Скопски регион
Локации Скопје
Главни активности А1. Менаџирање на публика (целна група) на социјални мрежи со едукација за медиумска писменост (community manager);
А2. Креирање на ФБ страна со едукативни содржини;
А3. Организирање на музички хепениг на платото на УКИМ под мотото: НЕ БИДИ МЕДИУМСКА МЕТА;
А4. Организирање на четири работилници со конкретни теми/техники за критичко читање на медиуми;
Буџет 5.385 евра