Кликбејт наслов манипулира дека ќе им се суди на Каракачанов, Џамбаски и Симеонов

Вистината е дека Симеонов, Каракачанов и Џамбаски на суд треба да се појават како сведоци, а не како обвинети, како што алудира насловот. Насловот манипулира, формулацијата „одат на суд“ алудира на тоа дека ќе им се суди во овој случај, а не дека ќе бидат сведоци во постапката. Оваа информација читателите може да ја добијат само ако го кликнат и го прочитаат целиот текст

Добивањето на бугарски пасоши и евентуалната корупција којашто се случила во тој процес, за што е покренат судски случај, привлекува големо внимание како во бугарската, така и во македонската јавност.

Помеѓу последните Фејсбук објави на оваа тема, е онаа дека на суд одат европратеникот Ангел Џамбаски од Европските конзервативци и реформисти и заменик претседател на ВМРО-Бугарско национално движење, Красимир Каракачанов, кој е актуелен бугарски вицепремиер, министер за одбрана и лидер на ВМРО-БНД, како и поранешниот вицепремиер, Валери Симеонов.

Симеонов, Каракачанов и Джамбаски одат на суд за три милиони евра измами со бугарски пасоши за Македонци

Вака гласи насловот, кој е типичен „клик-бејт“, односно е напишан за да привлече внимание и да ги примами корисниците на социјалните мрежи да го кликнат, при што откако ќе го кликнат и прочитаат текстот ќе сфатат дека се измамени.

Овој кликбејт наслов погрешно, односно испревртено ја преставува фактичката ситуација и со тоа го манипулира читателот да дојде до одреден заклучок кој не е вистинит. Насловот е сензационалистички и наведува да помислите дека на овие тројца високо профилирани политичари од Бугарија ќе им се суди за скандалот со бугарските пасоши.

Но, вистината е дека Симеонов, Каракачанов и Џамбаски на суд треба да се појават како сведоци, а не како обвинети, како што алудира насловот. Насловот манипулира, формулацијата „одат на суд“ алудира на тоа дека ќе им се суди во овој случај, а не дека ќе бидат сведоци во постапката. Оваа информација читателите може да ја добијат само ако го кликнат и го прочитаат целиот текст

Во текстот коректно е напишано дека помеѓу 105-те сведоци за овој случај, се наоѓаат и овие тројца политичари спомнати во насловот. И да, тие ќе мора да одат на суд, но има разлика помеѓу одење на суд како сведоци и одење на суд како обвинети.

Текстот, всушност, е преземен од бугарскиот весник „Бугарија денес“, кој е преведен и објавен на македонскиот портал. Освен лошиот и неразбирлив превод, во текстот на двапати е вметната и сликата од министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захриева без притоа таа воопшто  да е спомната во текстот.

На насловот му недостига контекст (missing context), односно станува збор за наслов кој манипулира со контекстот со цел да ја наведе публиката во погрешна насока заради здобивање на кликови, реакции и што е можно поголема читаност.

 

Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „КриТинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонснаведи извор-без изведени дела.