Корона-вирусот, граѓаните и моралната одговорност за спречување на „инфодемија“- паниката

Во текстот подолу даваме неколку практични совети како да се спречи „Инфодемија“  – феноменот што главно се карактеризира со ширење неточни информации или дезинформации, во овој случај за корона-вирусот или КОВИД 19. Се состои од поимите „инфо“ – што е краток облик на поимот информирање, соопштение и објаснување и „епидемија“ (широко распространување на заразна болест) што произлегува од комбинација на старогрчките термини „епи“ (врз) и  „демос“, што значи „народ“, при што наместо информација, де факто се добива и се шири дезинформација 

 

Пишува Фатбарда Цури

Пред да споделите или направите share на социјалните медиуми, важен е филтерот: доколку не поминал низ медиумите, да помине низ вас – граѓаните. На пример, ако решите да споделите фотографија, видео или да пишувате, најдобро е да си поставите неколку прашања.

Првото прашање што може да го поставите е:

Дали информацијата, фотографијата или видеото се официјални и проверени?

Како можете да го научите ова? Гледајќи во изворот на информации. Ако изворот се официјалните институции, споделете ги информациите. Во случај на ширење на корона-вирус, релевантни институции се Министерството за здравство, Владата и Светската здравствена организација (СЗО). Првите две се занимаваат со информации и мерки за справување со ширењето на корона-вирусот во една земја или со лекување на заболените и нивниот број, а СЗО објавува информации на светско ниво, кои се засноваат на научни совети и наоди за превенција од коронавирусот.

Второто прашање што може да го поставите е:

Колку е релевантна информацијата или во популарен жаргон, „колку поминува оваа информација?

За да го направите ова појасно, треба да разберете дали информацијата, видеото или фотографијата што ќе ги споделувате на социјалните мрежи се во интерес на јавноста.

Ова може да се разбере и ако го поставите обратно прашањето – дали информацијата, фотографијата или видеото ја влошуваат нашата ситуација и на другите или може да помогнат? Тоа значи дека информацијата треба да содржи нов релевантен факт од кој може да се научи и да ги охрабрите другите да постапуваат по проблемот, а никако само критика до другите додека вие не правите ништо и само „напразно“ пишувате на социјалните медиуми.

Откако ќе ја поминете оваа фаза, преминувате во следниот дел:

КАКВА е природата на информацијата?

Ако карактерот на информацијата покажува само податоци за бројот на заразените лица со корона-вирус, ние сме известиле за тековната состојба. Но, ако ние со информацијата, видеото и фотографијата сме дале некој совет, информацијата е советодавна. Ова може да се направи со прикажување модели на луѓе и држави и како дејствуваат додека се борат со корона-вирусот, но и со споделување  превентивни мерки, било да се советите на Министерството за здравство или на Светската здравствена организација. Бидејќи во овој период се цитираат различни лекари и научници преку странски медиуми како извор, соодветно и најсигурно е само овие две институции да се чуваат како извори.

Ова ќе ви овозможи вам и на вашите следбеници на социјалните мрежи да споделите исклучиво професионални сознанија, уверувања и навики за заштитата од корона-вирусот.

Мерки

Сега доаѓаме до четвртата фаза на филтерот, иако не се само овие, но  ние ги избравме како основни:

Што поттикнува информацијата?

Ако сè уште не сте можеле да го откриете типот на информација што треба да ја споделите на социјалните мрежи, веруваме дека ќе ви биде јасно во оваа фаза.

Не случајно ја спомнавме паниката како прва, затоа што ова е она што најмногу ја влошува ситуацијата при „инфодемијата“. Затоа што ако информацијата, видеото и фотографијата што ги споделуваме на социјалните мрежи шират само паника и не нудат решение за тоа како полесно да се справиме со ситуацијата, ние ја влошуваме и предизвикуваме непријатно чувство кај нашите следбеници на социјалните мрежи.

Ова предизвикува страв. Емоциите се психички состојби што можат да нè придвижат кон акција. Ако ги активираме овие емоции со информациите што ги споделуваме, доаѓаме во ситуации кога ќе почнеме да дејствуваме. И што се случува? Гледаме празни продавници, затоа што стоката се продава брзо и сето тоа со долги редици од луѓе што чекаат, како и во аптеките или во пекарниците. Со тоа нашата споделена информација е штетна и ја зголемува паниката.

Ако информациите се советодавни, можеме да имаме спротивен ефект на паниката, што значи подигање на свеста и заштита од корона-вирусот. На пример:

Заштита

Значи не е одвишно ако и повеќепати укажувате на почитување и примена на мерките за лична хигиена и на местата каде што се движите, придржувајќи се на тие мерки што ги даваат надлежните. Мерките донесени од надлежните органи се следните:

  • Да не се излегува на јавни места,
  • Да избегнеме употреба на јавен транспорт
  • Да не се излегува на места оквалификувани како ризични
  •  Да не се излегува по ресторани и кафетерии
  • Ако се сомневаме дека сме биле во контакт со самоизолирана личност (главно со лица што биле во земји каде што се развива корона-вирус, во овој случај, во Дебар, северна Италија, Кина…), треба и ние да се самоизолираме 14 дена.
  • Ако додека сте во самоизолација забележите симптоми како што се треска и висока температура, силно кашлање и отежнато дишење, може да се јавите за да ги примите упатствата на овие телефонски броеви:

 

Контакти

Конечно, најголема морална одговорност за граѓаните е доколку решат информациите да ги објавуваат во неформални групи на социјалните мрежи. Тогаш, филтерот мора да го поминете неколкупати, а потоа да решите што да дистрибуирате.