Едукација за критичко размислување

Постои голема пропорционална врска меѓу степенот на образованост и склоноста некритички да се примаат разни информации на кои сме изложени во секојдневието. Образованието и медиумите имаат важна улога во справувањето со дезинфромациите и теориите на заговор

 

Од Бирото за развој на образованието велат дека критичкото мислење ќе им овозможи на учениците самостојно да ги обработуваат информациите и да изведуваат исправни заклучоци, да не подлегнуваат на притисоци и да донесуваат поодговорни одлуки. Оттаму посочуваат дека критичкото размислување се обезбедува преку новите стратегии и пристапи во наставата – пред сѐ, преку ставање на учениците во проблемски ситуации, искуствено и проектно учење. Исто така, медиумската писменост е тема што е вградена во наставната програма по мајчин јазик уште од прво оддление и спирално се надградува до деветто одделение во основното образование

Со новите наставни програми се обезбедуба наставата да се ориентира кон продлабочено и смислено учење базирано на критичко мислење и логичко заклучување. Таквото учење бара осмислување и поврзување на информациите и решавање проблеми наместо помнење факти, кои во современи услови не само што се лесно достапни, туку и се подложни на манипулација. Развивањето на критичкото мислење на способноста да се провери секоја информација, да се стави во вистински контекст и значење е едиствениот начин преку кој ќе се оспособат нашите ученици да се справуваат со лажните вести и дезинформациите, велат од Бирото за развој на образованието.

 

 

Фондацијата „Метаморфозис“ преку проектот „Критинк“ се бори против дезинформациите, спиновите и манипулативните наративи во политичкиот дискурс преку точно разработена методологија. Филип Стојановски, раководите на проектот „Критинк“, смета дека медиумите имаат голема можност да придонесат за развој на критичкото мислење со вградување и ширење на содржини од овој тип во својата секојдневна работа.

Тоа, пред сѐ, е важно од аспект на провеРка на факти, за да може да се пренесат јасни и точни информации врз база на кои потоа се носат одлуки, вели Стојановски.

Истовремено напоменува дека е значајна и едукативната улога на медиумите – документарни програми, квизови, забавни емисии. Но, како што потенцира Стојановски, иако образовната е една од основните компоненти на медиумскиот концепт, во последните децении таа е целосно зборавена.

 

КАКО СЕ МАНИПУЛИРА СО МИСЛЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ?

Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интерено е што многу од луѓето што имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители, мислители што имаат повисоко ниво на сомнеж, иако фактички во основа тоа е една нагласена скептичност. Самите теории на заговор се интересни компензаторни механизми, се активираат во период кога луѓето се соочени со појави врз коишто немаат контрола и, се разбира, во оваа пандемиска ситуација тие секогаш гравитираат околу ковид. Значи тие се еден вид антибајки за возрасни, затоа што ги има тие елементи на црно-бел свет во којшто другите се здружени против поединецот којшто има склоност да верува во теории на заговор…,  вели Билјана Ѓонеска, научна соработничка вработна во МАНУ.

Таа појаснува дека треба да се прави разлика дали еден исказ е обичен или сам по себе претставува теорија на заговор.

За Пример да го земеме исказот: вирусот Сарс Ков 2 е произведен во лаборраторија. Сам по себе тој не значи ништо. Ако се додаде дека го произвеле во лабораторија некои научници со цел да се направат некакви штети на населението, да се намали бројот на населението, тоа е веќе елемент на теорија на заговор. Затоа што теоријата на заговор секогаш претполага дека некоја група поединци, моќници се состануваат во тајност и секогаш е тоа со некаква негативна намера, цел да му се наштети на поединецот

Ако се каже експертите велат дека вирусот Сарс Ков 2 е произведен во лаборраторија. Тоа е еден вид повикување на авторитети. Не е наведено кои се експертите, кога е тоа кажано, во каква прилика…. Има многу елементи кои дозволуваат оваа изјава да се расчлени и укажуваат дали ние критички сме ја примиле, додава ЃонескА.

Според неа, постои голема пропорционална врска меѓу степенот на образованост и склоноста некритички да се примаат разни информации на кои сме изложени во секојдневието. Таа истакнува дека образованието и медиумите имаат важна улога во справувањето со дезинформациите и теориите на заговор.