„ФактЧек ЕУ“ е името на новата мрежа за проверка на факти, која е лансирана денеска од страна на 19 медиуми, членки на „Меѓународната факт-чекинг мрежа“ (МФЧМ), проект на Институтот „Поинтер“ од Флорида, САД.
Конзорциумот „ФактЧек ЕУ“ е составен од медиуми од 13 земји од Европа и неговата основна задача ќе биде да врши проверка на изјави/тврдења и на стории што ќе се објавуваат, а се поврзани со изборите за Европскиот парламент што ќе се оддржат во мај годинава.
Меѓународната мрежа соопштува дека европската мрежа е создадена од истомисленици, а посебна заслуга има француската медиумска компанија „Либерасион“ и новинарката Полин Муло (Pauline Moullot), кои минатата година добија награда од 50 илјади долари за креирање дигитална платформа за проферка на факти, „Провери ја веста“.