„По некое време, се појавија еден до друг претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и пратеникот Бранко Манојловски, познат како чичко Бранко, истакнат поддржувач на правата на ЛГБТИ заедницата. Тие заедно учествуваа во промовирањето на книгата на професорот и поранешен амбасадор, Бранислав Синадиновски, што се одржа во Скопје.“
Ова е текст во „два реда“, но со повеќе различни значења, кој што е објавен на еден од интернет-медиумите на албански јазик. Тој предизвикува конфузија, има недостиг на толеранција и врши селекција на информациите, што е честа појава во текстовите.
Линк до оригиналниот напис: Се појавуваат заедно, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поддржувачот на ЛГБТИ, чичко Бранко (Фото)
Датум на објавување: 04.12.2018
Датум на рецензија: 14.12.2018
Рецензент: Ферикан Иљази
Немојте да читате текстови кои навредуваат некого без никакво чувство, бидејќи секогаш имаат друга позадина!
Во нашиот балкански менталитет, постои антипатија кон темата на хомосексуалноста и оваа тема често се користи кога луѓето сакаат да нападнат некого и да му го расипат имиџот во јавноста. Во текстот што го рецензираме, кој има само неколку реда текст, извлечени се неколку заклучоци и многу селективни зборови, за да им наштетат на Али Ахмети и Бранко Манојловски. Вториот, беше првиот пратеник кој што во Парламентот побара закон за истополови бракови, и кој што застана на одбрана на оваа категорија на граѓани, и сега често се користи како симбол за хомосексуалноста, па така и дружењето со него во медиумите почна да се третира како нешто крајно сериозно.
Ако не беше Али Ахмети во друштво со Манојловски, ќе беше некој друг, но тогаш тоа немаше да биде вест!
Освен Бранко Манојловски, за кој што рековме дека се поврзува со прашањата за хомосексуалноста, во овој случај, од тоа што Али Ахмети бил седнат до него е направена вест и на селективен начин, тоа е претставено како да е нешто многу сериозно. Иако за волја на вистината, не е првпат Али Ахмети да биде во друштво на Манојловски и пред, а и после неговите изјави, кои што во јавноста се нарекоа контроверзни.
Новинарот сакал да ги погоди емоционално читателите, кои што се чувствителен на ваквите ретки појави во општеството.
Авторот на овој текст ја употребил техниката на фокусирање на само на една работа, и го искористил овој елемент за да создаде конфузија и да ги поттикне емоциите. Секој читател кој има апатија или не се согласува со хомосексуалноста, би се нервирал со овој текст, иако треба да биде јасно дека ниту седењето во близина на чичко Бранко, ниту разговорот со него, не значи одобрување на правата на оваа категорија на граѓани.
Читателот треба да биде внимателен кога новинарот се обидува да манипулира со чувствата
Во овој случај, нема вест. Постои само манипулација со чувствата на читателите кои се кревки. И ние како новинари сме под влијание на вестите што сами ги пишуваме, но имаме механизам за „будење од спиење” или за „проверка на фактите”, бидејќи ги знаеме околностите на настаните. Но, обичниот читател потешко може да направи разлика кога некој текст како овој е напишан за да поттикне омраза, омаловажување на луѓето кои се наоѓаат на фотографијата.