Медиумите не треба да генерализираат и манипулираат – едно лице и Албанци, не е исто

Foto ilustrim
Илустрација

Приближувањето на изборната кампања и изборниот процес во Северна Македонија ги открива медиумите што не ги почитуваат основните принципи на новинарството, објективноста и плурализмот на мислењата. Таков е примерот со медиумoт чиј напис ќе го разгледаме подолу

 

Zyrtare: Shqiptarët të zhgënjyer nga LSDM, po grisin librezat e anëtarësimit
Официјално: Албанците разочарани од СДСМ, ги кинат партиските книшки

Линк до оригиналниот напис: „Албанците разочарани од СДСМ, ги кинат партиските книшки“   “Shqiptarët të zhgënjyer nga LSDM, po grisin librezat e anëtarësimit

Датум на објавување: 10.1.2020

Датум на рецензија: 13.1.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

 

 

Генерализација и манипулирање со чувствата

Иако во насловот се споменуваат „Албанците“, што е генерализација, во написот медиумот избрал да спомене само една личност.

„Албанците разочарани од СДСМ, ги кинат партиските книшки”, се вели во насловот на написот што го прегледуваме.

Нема ниту една изјава, анкета или статистички податок што би го потврдил заклучокот во насловот, дека Албанците се разочарани од партијата Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

„Од видео објавено на ’Фејсбук‘, може да се види како лице кое се приклучило на СДСМ на 18 февруари 2015 година, ја кине книшката од неговото зачленување во партијата. Во исто време, во видеото се вели дека нема правда, нема мир со овој криминален режим, затоа толку беше за СДСМ“, се вели во написот што го разгледуваме.

Единствениот извор на информација е статусот на една личност на социјалната мрежа „Фејсбук“, кој медиумот го генерализира. И според Прирачникот на „Критинк“, извор на проверените информации за овој случај би биле:

„Лице, институција која има, т.е. содржи некои информации. Основната поделба на изворите на информации е: примарни и секундарни извори. Примарните извори имаат информации од прва рака: сведоци, учесници на настани, жртви… Секундарните извори се индиректни извори на информации кога индиректно се наоѓаат информации: архиви, експерти…  Во новинарството се дозволени анонимни извори”.

Но, и покрај овие можности, медиумот не искористил ниту една од нив и гледајќи го временскиот период кога бил објавен написот, цениме дека медиумот се обидувал да ја манипулира јавноста и на тој начин да влијае врз политичко убедување. Ова е спротивно на Етичкиот кодекс, во кој се вели дека медиумот кога известува за политички процеси треба да биде непристрасен, што значи дека мора да биде објективен и да ги вклучи сите страни еднакво.

„Известувањето за политичките процеси, особено за време на избори, мора да биде непристрасно и балансирано. Новинарот мора да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти“, се вели во Етичкиот кодекс за новинарите.

За читателите: Едно лице и Албанците, не е исто

Гледајќи ја оваа ситуација, цениме дека е поучно за вас како читатели во овој период, кога имаме објавување ставови, било да се тоа анкети или статуси на „Фејсбук“, да се прави разлика помеѓу „едно лице“ и „Албанците“. Првиот претставува личност, а вторите претставуваат заедница. Никогаш, нечие убедување не го одразува убедувањето на една национална заедница.