Медиумскиот простор не треба да се злоупотребува. Која било форма на изразување или пишување во медиумите може да се објави во соодветната категорија, која е поделена врз основа на неколку критериуми. Новинарот или редакцијата може да ја објават својата позиција, но во посебни категории како едиторијал или мислење, а не во категоријата вести
Линк до оригиналниот напис: „Дали е подобро Али Ахмети да си замине од политиката или да остане“ A më mirë Ali Ahmeti të largohet nga politika, apo të mbetet edhe më tej?
Датум на објавување: 12.12.2019
Датум на рецензија: 15.12.2019
Рецензира: Фатлуме Дервиши
Коментарите како дел од веста
Наслов што е во прашална форма најавува текст што одговара. За поставеното прашање на авторот може да има неколку гледни точки и затоа се пројавува интерес за тоа како може да се третира. Сепак, уште во првите неколку реченици се нагласени субјективните коментари на авторот.
„Оваа дебата не привлекува внимание како во минатото, затоа што ДУИ сега е значително ослабен субјект, чиј опстанок повеќе не зависи од Албанците, од кои значително ја изгуби поддршката, туку од поддршката на македонските партии“.
Ваквото субјективизирање не се толерира според професионалните стандарди.
„Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, помеѓу вести и коментари“ – пишува во Кодексот за етика на новинарите.
Јасно напишано дискредитирање
По личните коментари што ги дал, авторот го цитирал вицепремиерот Бујар Османи за евентуалното заминување на Ахмети од политиката. Откако го цитирал, авторот го коментирал и дискредитирал Османи, додавајќи по неговата изјава дека, „бидејќи се работи за функционер на ДУИ осомничен за кривично дело, ние веруваме дека неговата позиција не е ниту реална ниту неутрална, и може дури да биде манипулативен став за лична корист“.
Никој не кликнува на вест за да види што мисли новинарот. Кај вестите, мислењето на новинарот, изразот „јас мислам“ или „ние мислиме“, се целосно ирелевантни. Вестите се читаат за да бидеме информирани објективно за темата што се обработува.
Ако новинарот смета дека ставот на изворот за градење на веста што ја пишува е нереален и манипулативен, тој може да избере да не го цитира.
Техники на манипулација
Авторот користел неколку методи на манипулација. Користени се селективни докази. Имал тенденција да укажува на факти што зборуваат за претензија и игнорирање на фактите што се контра неговите лични ставови. Иако беше цитиран Османи како ја брани идејата дека Ахмети не треба да ја напушти политиката, тој по изјавата, во самиот текст е дискредитиран. Од оваа причина, имаме метод за личен напад или аргумент против човек, во случајов против Османи, јасно пишувајќи (од авторот) дека мислењето на Османи не вреди. Авторот имал тенденција да ја потврди својата гледна точка со потсетување, фаворизирање и следење информации што ги потврдуваат таквите погледи.
За читателите
Некои аналитичари, познавачи на политиката, можеа да дадат свои ставови за оваа тема и новинарот да ги цитира без да даде своја проценка и да го напише текстот на непристрасен начин. Исто така, ставот на функционерите на партијата на Ахмети е многу важен, но не е професионално тие да бидат нападнати и дискредитирани само затоа што го даваат своето мислење. Субјективните вести и со некаква позадина, како веста што ја разгледуваме, брзо се детектираат затоа што во отсуство на оригинални информации, авторите ги полнат со субјективни коментари, етикетирања и критики.