Мислењето на една личност не смее да се претставува како јавно мислење

Лице со име и презиме, со идентитет, лично мислење и оценки, не претставува јавно мислење. Доколку лицето за кое станува збор е позната личност за јавноста, експерт од областа, функционер, поранешен функционер и слично, неговото мислење може да биде од интерес за јавноста. Но, текстот што го разгледуваме е пример за тоа како мислењето на една личност не треба да се претвори во вест како мислење на масата. Особено не во оваа форма.

Линк до оригиналниот напис: „Ех Заеве, Заеве и најголемите поддржувачи ти свртеа грб“  „Eh Zaeve Zaeve”/ Edhe mështetësit më të mëhej ia kthejnë shpinë

Датум на објавување: 14.11.2019

Датум на рецензија: 15.11.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Авторот избрал да го објави мислењето на новинарот Миодраг Мишолиќ. Неговото мислење секако може да биде интересно. Новинарите, особено тие со искуство, добро ги познаваат политичарите, начинот како функционираат, нивната политика и нивните принципи. Нивните мислења често ги привлекуваат читателите. Но, авторот на статијата направил грешки при пренесување на мислењето од својот колега. Започнувајќи со тенденциозен наслов, авторот повикува за внимание за текст во кој го критикува премиерот Зоран Заев.

 По повеќегодишна доверба и поддршка од страна на некои истакнати медиумски фигури и поранешни функционери на СДСМ, тие неодамна почнаа да ја губат довербата во оваа влада, обвинувајќи ја за неисполнување на ветувањата, пренесува „Ин7“.
Еден од нив е новинарот Миодраг Мишолиќ, кој сега тврди дека оваа влада е големо разочарување во сите сегменти – пишува во текстот што го разгледуваме.

Генерализации и коментари

Авторот направил генерализации за „некои истакнати личности“, а пишува за мислењето на само една личност. Овде се среќаваме со констатација врз база на генерализација. Едно лице не е „неколку“. Според авторот, Мишолиќ важи за еден од најголемите поддржувачи на премиерот, но сега му свртел грб. Авторот и за ова не ни кажува ништо, кога и во која смисла Мишолиќ бил еден од најголемите поддржувачи. Мислењето на некои луѓе или јавното мислење во вест се претставува преку анкети. Мислењето на индивидуата е мислење само на таа индивидуа, а не на масата. Мислењето на Мишолиќ може да се совпадне со мислењето на новинарот во статијата или дури и медиумот што го објавува, но не е мислење на „НЕКОИ еминентни фигури“.

Техники на манипулации

За манипулирање на јавноста е користена техниката за повикување авторитет. Цитирајќи новинар и генерализирајќи го своето мислење со „еминентни фигури“, авторот сакал да го убеди читателот за тоа што го кажува. Авторот исто така користел личен или директен напад врз премиерот, како што е наведено и во насловот, цитирајќи го изразот „Ех Заеве Заеве“, како и во критичката, но, сепак, субјективна конотација во текстот.

За јавноста

Целта на текстот е јасна – критики за некои сфери на функционирање на државата под водство на премиерот Заев, што е во ред за професијата новинарство. За да се покријат со професионални информации областите како што се медиумите, судството, здравството, образованието, екологијата и да се пишува за тоа што е направено и тоа што е ветено, но не е направено, на новинарот му е потребна многу работа. Да се обидеш да го претставиш сето тоа во текст со 3-4 пасуси, припишувајќи ги критиките на друго лице, е многу лесно, но не е истражување, не е целосна информација. Да направиш констатации од ваков вид со генерализирање и без да се води сметка за принципите на информирање, е тенденциозно. Задача на новинарот е да ги заштитува интересите на граѓаните и да открие неправилности. Но, се разбира, почитувајќи го правото на објективно информирање.