Најава за вебинар: Информативна сесија за мали грантови од проектот „КриТинк“

Фондацијата „Метаморфозис“ и Евротинк – Центар за европски стратегии ги покануваат граѓанските организации и медиуми на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.

Информативната сесија ќе се одржи во форма на интернет-семинар, односно вебинар на 27 јуни 2019 г. (четврток), со почеток во 14 часот.

За учество на вебинарот регистрирајте се преку следниот линк. ⬇️

https://register.gotowebinar.com/register/409403554247897357

⬆️ Истиот линк ќе Ви послужи да се приклучите во дадениот термин.

Работен јазик на вебинарот ќе биде македонскиот, при што ќе биде обезбедена можност за консекутивен превод кон и од албански јазик.