Наместо новинарство, пропаганда против пратеникот Кахрeмани

Илустрација

Новинарскиот напис треба да ги разјасни дилемите околу насловот, а не да ги додаде. Ако се додадат дилемите во написот, а се однесуваат на државни службеници, политичари и пратеници, немаме објективно известување, туку пропаганда против апострофирани лица. И во написот што го разгледуваме, спроведена е пропаганда против пратеникот Неџбедин Кахремани

 

TetovaSot: Nexhbedin Kahremani bojkoton Alternativen në Tetovë, a do kthej mandatin e deputetit në Lëvizjen BESA?
ТетоваСот:„Неџбедин Кахремани ја бојкотира Алтернатива во Тетово, дали ќе го врати пратеничкиот мандат во Движењето Беса?“

Линк до оригиналниот напис: „Неџбедин Кахремани ја бојкотира Алтернатива во Тетово, дали ќе го врати пратеничкиот мандат во Движењето Беса“  “Nexhbedin Kahremani bojkoton Alternativen në Tetovë, a do kthej mandatin e deputetit në Lëvizjen BESA?”

Датум на објавување: Нема датум

Датум на рецензија: 17.12.2019

Рецензнет: Фатбарда Цури

Наслов и текст што ги множат дилемите

Засегнатиот медиум отвора дилема уште во насловот. Тој подоцна истото го сторил во написот. Ако авторот има дилеми, најмалку што треба да се стори е да се обиде да одговори на нив со обезбедување верификација од разни извори и соодветен материјал. Не е прифатливо еден напис да отвори дилеми и да не се обидува да одговори на нив.

„Вчера Алтернативата на Африм Гаши го одржа собранието на Младинскиот форум во Тетово, каде шро го избра и претседателот на младите, Афан Елези од Гостивар. Она што беше впечатливо на вчерашната вечер, беше отсуството на пратеникот Неџбедин Кахремани, кој очигледно ја бојкотира Алтернатива на Африм Гаши“, се вели во првиот дел од написот.

Манипулација со јавноста

Ако продолжи читањето, јасно е дека медиумот остварил и пропаганда против пратеникот Неџбедин Кахремани. Ова може да се види во делот каде што се вели дека се очекува да го врати мандатот во наредните денови. Факт е дека медиумот не се обидел да стапи во контакт ниту со Кахремани ниту со партијата, прво да праша зошто тој не бил присутен на Младинскиот форум во Тетово, потоа дали ќе го предаде мандатот на Движењето Беса, а тврди дека пратеникот ќе го врати мандатот во следните денови. Ако новинарот сепак го сторил тоа, но не добил одговор, тој или таа мора да ја извести јавноста.

„Ако на новинарот му е забранет пристап до бараната информација, тој има право за тоа да ја извести јавноста“, се вели во Етичкиот кодекс.

Медиумот сепак ја манипулирал јавноста, бидејќи во написот може да се забележи употребата на концептите за манипулација: „Селективни докази“ и „Аргументи против лицето“.

Со употреба на „Селективно докажување“, медиумот се обидува да покаже факти што го поддржуваат тврдењето и во исто време, игнорира факти што се против, додека „Аргументите против лицето“ подразбираат тенденција за напад врз лицето, во случајов пратеникот Кахремани.

Пропаганда против Кахремани

Гледајќи дека медиумот се обидувал да создаде убедување оти постои незадоволство меѓу Кахремани и Алтернатива, што ќе резултира со враќање на пратеничкиот мандат, цениме дека со статијата се прави и пропаганда против Кахремани.

И за тоа, во Прирачникот на „Критинк“ за откривање и борба против дезинформации, со цел да се поттикне и да се развие критичко размислување, се вели:

„Информациите или информативните пакети што не се објективни и се користат за да влијаат врз размислувањето или однесувањето на луѓето во исполнувањето на некоја агенда (политичка, корпоративна итн.) се пропаганда. Пропагандата обично користи повеќе емотивна, отколку рационална порака. Постојат многу видови и поттипови на пропаганда, но вообичаено е да се поделат на политички, религиозни и трговски“, се вели во Прирачникот на „Критинк“.