Видеото што е пренесено во постот нуди нејасни и нецелосни информации. Во него се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести што тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините, кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата „ковид19вакцинација.мк“. Како што може да се види, графен оксид никако не е дел од составот на вакцините
Пост на „Фејсбук“ тврди дека во крвта на вакцинираните против ковид-19 имало графен оксид. Постот се повикува на видео од анонимни француски научници. Тврдењето дека во крвта на вакцинираните има графен оксид е неточно.
Француски научници демонстрираат во видеото дека во крвта на вакцнинран има нови компененти од графен, кои претходно не постоеле (видеото е на англ и ру), се вели во објавата што ја анализираме.
Видеото што е пренесено во постот нуди нејасни и нецелосни информации. Прво, во видеото се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? Поточно, нејасно е кој зборува. Понатаму, во видеото се гледа снимка наводно од крвна слика, па жената во видеото вели „мислам дека е графен оксид“, а еден маж потврдува „да, тоа е“. Мислење и тврдење со научни докази, не е исто. Понатаму, нејасно е за која вакцина станува збор, односно, дали ако снимката навистина прикажува крвна слика на лице што примило вакцина, не е посочено која е таа вакцина.
Видеото е полно со непрецизни и нејасни информации и наликува како тројца луѓе да седнале и си прават неврзан разговор за некоја снимка, за која, исто така, не е јасно потврдено дека е од крвна слика.
Интересно е да спомнеме дека со појавата на корона-вирусот и на вакцините против него во јавноста испливаа голем број дезинформации и теории на заговор поврзани со пандемијата. Во последно време, фокусот на дезинформации, од болеста и реакциите од вакцините, се премести на составот на вакцините и нивните перформанси. „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести што тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид.
Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините, кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата „ковид19вакцинација.мк“. Како што може да се види, графен оксид никако не е дел од составот на вакцините.
Обвинувањата за графен оксид во составот на вакцините главно се насочени кон производителот „Фајзер“ од каде и официјално се огласија и ги демантираа ваквите наводи.
Претставник на „Фајзер“ за „Асошиејтед прес“ ијзавил дека во нивната вакцина нема графен оксид. „Вистиномер“ веќе пишуваше дека студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во вакцината на „Фајзер“ има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница (не е peer-reviewed), ниту, пак, е поддржана од Универзитетот Алмеријаво Шпанија.
Кит Лонгли, менаџер за наука во „Фајзер“, за „Асошиејтед прес“ изјавил дека оваа состојка во нивната вакцина не постои. Истото го потврдиле и хемиски и медицински експерти, кои не се поврзани со компанијата „Фајзер“.
Не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутна во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс.
Експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, додал дека ова тврдење (дека вакцините содржат графен оксид) е чиста глупост.
Поради сето ова, постот што го анализираме можеме да го оцениме како невистинит. Факт е дека во составот на вакцините против ковид-19 нема графен оксид.
Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „КриТинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.