Новинарот треба да ја провери информацијата, а не да создаде паника

За новинарот е многу важно да ги слушне проблемите со кои се соочуваат граѓаните и потоа да ги адресира до надлежните институции за да се изнајде некое решение или за подигање на свеста. Сепак, не е професионално кога новинарот, без да ги провери информациите, објави само нечија „грижа“ или „обвинување“. Во контерниот случај, освен паника, можна дезинформација и сензационализам, новинарот на „Без цензура“ не им понудил информација на читателите.

Линк до оригиналниот напис: Без Цензура.

Датум на објавување: 17.3.2021

Датум на рецензија: 22.3.2021

Рецензент: Ардит Рамадани

Постои начин како треба да се сподели една информација, новинарите не треба да го избираат „краткиот пат“.

Авторот на „Без цензура“ има објавено на страницата на медиумот на социјалната мрежа „Фејсбук„ една порака којашто стигнала од граѓанин до нивната адреса.

До Без Цензура: Здраво Без цензура. Во с. Слатино навечер доцна околу 21:30 излегуваат 2 лица, целосно облечени во црно и ги запираат луѓето за да им земаат пари или за да им украдат нешто! Внимавајте! Случајот е пријавен пишува во постот што го рецензираме.

Во овој случај, авторoт на постот, без тршка одговорност, им кажува на граѓаните дека на одредена улица, која е многу фреквентна, големи се шансите некој да ги сопре за да им ги украде парите или нешто друго.

Но, тука на граѓаните, освен страв, не им е понудена никаква информација за конкретниот случај, иако тие во коментарите се заинтересирале да добијат повеќе информации, новинарот не им понудил ништо, едноставно ги збунува, а тоа не е работа на новинарите.

 

Што треба да се направи во вакви случаи кога постои конкретно обвинување?

Легитимно е за медиумски работник како извор на загриженост на граѓаните да го користи „Фејсбук“, но сепак, тоа треба да биде само појдовна точка, а не целата вест да биде базирана на еден пост, бидејќи одговорноста, особено за таквите објави што влеваат страв кај граѓаните, е голема.

Најмалку што требаше да стори овој новинар е да побара став од надлежните институции, во овој случај од  Министерството за внатрешни работи, или, пак, да излезе на терен за да го потврди случајот.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно, пишува во член 1 од Етичкиот кодекс на новинарите.

За да избегне од одговорноста на јавниот говор, новинарот на порталот „Без цензура„ напишал дека оваа информација до нив стигнала од страна на граѓанин, но сепак, тоа не го „ослободува“ од одговорноста како споделувач на непотврдената информација, т.е. медиумот што ја објавил.

Оваа „информација“ не ги исполнува критериумите за да биде објавена во медиум

Во прирачникот на „Критинк“ веста се дефинира како:

Информација со нова содржина што предизвикува голем интерес кај јавноста. За информацијата да биде вест, обично треба да ги исполнува следниве критериуми: да има нова, релевантна, интересна, необична содржина. Веста е целосно пренесена кога ќе понуди одговори на пет основни прашања, и тоа: „Кој?“, „Што?“, „Кога?“, „Каде?“ и „Како?”. Вестите вклучуваат информации за сите аспекти на животот на луѓето: конфликти, катастрофи, настани. Темите можат да бидат различни: здравство, образование, економија, правда, социјална политика

На крајот, авторот на „Без цензура“ има користено Лажна аналогија, и тоа се обидел да постави врска помеѓу неколку работи, но на крајот претпоставува дека се работи за можно злосторство. Тој, исто така, користел Селективни докази, при што ниту се обидел да обезбеди други докази, во конкретниот случај освен тие на „обвинувачот“, а користел и  Кружно расудување „продавајќи“ им на читателите претпоставка на еден граѓанин како веродостојна, без да ја потврди истата.