Новинарството не се прави на „Фејсбук“, туку на терен

Elida Zylbeari
Elida Zylbeari

 

Во емисијата „Клик плус” на ТВ 21, главниот и одговорен уредник на Portalb.mk, Елида Зилбеари, зборувајќи за улогата на онлајн-медиумите (порталите) во изборната кампања и принципот на саморегулација, изјави дека вест не се само изјавите на политичарите, туку излегувањето на новинарите на терен, соочувањето со вистината, проверката и балансирањето на изворите на информации, пренесува Portalb.mk.

„Проверката не се врши на ’Фејсбук‘.“ Проверката се врши од новинарот, кој излегува на терен и гледа која е вистината. Не се само политичарите вести, политичарите се последните со кои треба да се занимаваме“ – рече Зилбеари.

Според Зилбеари, која се повикува на новинарските принципи, сензационализмот не треба да биде критериум за кликање (посета) на вестите, туку критериум за вестите треба да биде нивната читливост.

„Со сензационализам може да бидете повеќе кликнати, но не и читани, бидејќи јадицата на луѓето е таму. Тие гледаат бомбастичен наслов и го отвараат. Умешноста на порталите не е да се прават бомбастични наслови”, рече Зилбеари.

„КриТинк“ – континуитет на проектот „Проверка на факти“

Зборувајќи за принципите на новинарството, Елида Зилбеари ги објасни концептот и целта на проектот „КриТинк“, кој го спроведува невладината организација „Метаморфозис“.

„Проектот за проверка на фактите беше финансиран од УСАИД и честопати медиумите беа на нишан, затоа што не ги исполнуваа основните новинарски принципи. Немаа извор, немаа рамнотежа, немаа проверени податоци. Истата логика, но малку проширена, продолжува и со проектот ’КриТинк‘, кој има цел да поттикне размислување, едукација на луѓето за препознавање на лажните вести”, рече Зилбеари.

ПРОЧИТАЈТЕ: Неослободена трагедија од медиумската сензација, како не треба да се известува

Посебно место во дебатата имаше и начинот на известувањето за трагичната несреќа во село Ласкарци, каде што анализата направена од „КриТинкпосочи многу повреди на новинарските принципи.

„Мора да биде потврдена информација. Не може да се каже дека умреле толку и толку луѓе, бидејќи тоа влијае врз информирањето на луѓето, ги дезинформира, ги лаже и создава паника. Анализата што беше објавена во ’КриТинк%, зборува за тоа како новинарот треба да известува за големи несреќи. Имало големи прекршувања, бидејќи известувале за жртви со фотографии, ги снимале мртвите, што е строго забрането и етички болно“ – рече Зилбеари.

Зилбеари постојано напоменува дека ако некој портал поддржува или добива пари од  политичка партија, тоа треба да биде транспарентно, да се каже отворено за да знаат читателите од кого е финансиран.

Според главната уредничка на Portalb.mk, Елида Зилбеари, донациите што ги дава Владата, всушност, треба да бидат од парламентот, бидејќи кај првата постои ризик од цензура и пропаганда.