Опцијата „Пријави“ на „Фејсбук“ – алатка за борба против непрофесионалните медиуми

Foto nga Pexels
Foto nfa Pexels

 

Ако на социјалните мрежи наидете на непрофесионален текст, лажна вест, дезинформација… еден од начините како може да се борите против овие појави е да пријавите. Конкретно, „Фејсбук“ има опција „Пријави“. Ако има 10 пријави и ако се совпаѓаат горе-долу причините за пријавувањето, таквите содржини се отстрануваат од мрежата од страна на компанијата

Пишува Ајнур Бафќари 

 

Во овој предизборен период во Северна Македонија, речиси секоја партија што ќе излезе на избори ги пали пропагандните мотори. Како последица на тоа гледаме дека присуството на дезинформациите *се повеќе се забележува на медиумскиот хоризонт. Гледаме и нови веб-страници што ги дистрибуираат. Овие онлајн-платформи ставаат име речиси идентично со името на друг медиум со цел да ги збунат читателите.
Нивната распространетост се олеснува во синхронизација со социјалните мрежи, благодарение на што промоцијата сега е полесна. Ова ги засенува професионалните медиуми, бидејќи има голем обрт на дезинформации и спинови објавени од манипулативните онлајн-медиуми.

Постои механизам читателот „да се бори“ со непрофесионалноста

Во екот на лажни информации, читателот е изгубен и повеќе не знае во што да верува и во што да не верува. Проектот „Критинк“ фрла светло на сите текстови што кружат на интернет во домашното медиумско милје со единствена цел да го едуцира читателот за тоа како да открие лажни вести и како да разликува професионален онлајн-медиум од непрофесионален.

Овој пат на читателите им сугерираме дека и тие имаат механизам преку кој може да се борат против непрофесионалните медиуми преку опцијата „Пријави“ (Report – на англиски), на „Фејсбук“, секогаш имајќи го предвид фактот дека „Фејсбук“ служи како промотор на текстови што се објавуваат на веб-страниците.

Потребни се максимум 10 пријавувања за една жалба

Секако, зависи и од времето, потребни се  вкупно 10 пријави, но треба да се чека додека се разгледува пријавувањето. Во некои случаи, тоа трае 24 часа или помалку, но понекогаш трае два или три дена. Понекогаш е потребно само автентично барање со соодветни услови и страницата на „Фејсбук“ може да се избрише. Ако нешто се пријави на „Фејсбук“, се разгледува и тогаш ако се открие дека не ги исполнува „стандардите на заедницата на ’Фејсбук‘“, се брише. Името и другите лични информации на пријавувачот остануваат целосно доверливи.

Како да пријавите страница на „Фејсбук“?

Прв чекор: Одете на страницата што саката да ја пријавите

Втор чекор: Кликајте кај иконата со три точки, под фотографијата од насловната

Трет чекор: Одете на опцијата „Најдете поддршка или пријавувај страница – Find Support of Report Page”

Facebook, opsioni Raporto
Facebook, опција Пријави

Четврт чекор: За да ги дадете информациите, кликнете на опцијата што најдобро опишува и дава одговор на прашањето зошто оваа страница е спротивна на „Стандардите на заедницата“, односно дали содржината на кој било напис е со неточни информации, говор на омраза, голотија или сексуална содржина, насилство, вознемирување, измама и лажни страници, неовластена продажба или интелектуална сопственост.

Facebook, opsioni Raporto
Facebook, опција Пријави

Во зависност од вашето барање, ќе можете да пријавите на „Фејсбук“. Како што е објаснето на „Фејсбук“, за некои содржини не треба да поднесувате жалба, но се користи вашата информација за да го научите системот на „Фејсбук“. Можете исто така да побарате од пријателите на „Фејсбук“ да „пријават“.

Новинарот собира, истражува, анализира и презентира информации

Додека суштината на новинарството е мултидимензионална, јадрото се состои од две работи: факти и вистина, што го прави новинарството дисциплина заинтересирана преку пренесување на фактите да го прикаже тоа што навистина се случило. Затоа, некои теоретичари ја нарекуваат оваа професија „дисциплина на верификација“.

Но денес секој може да отвори онлајн-медиум и во никој случај да не ја извршува функцијата на информативен медиум. За да не „ги ставиме сите во една торба“, не ние, туку и самите читатели, може да ги разликуваат професионалните медиуми од непрофесионалните, па дури и да ги санкционираат тие што прават „перење мозок“. На овој начин и медиумите може да станат свесни и да се саморегулираат.

Како да разликувате дали читате новинарска статија или празен текст

Ве потсетуваме дека за да разликувате дали читате вистинска новинарска статија, треба да проверите дали текстот што го читате содржи факти и колку се вистински, проверете дали текстот содржи извори на информации, дали текстот го исполнува минималното ниво на вклучување на засегнатите страни, дали ја прикажува или искривува вистината, без оглед дали има пристрасност или рамнотежа при претставувањето на страните и дали има елементи на коментар.

Посебен фокус треба да се посвети и на квалитетот на насловот, бидејќи насловот може често да биде сензационалистички и несоодветен, а не треба да се заборави да се контролира и фотографијата, која често може да се користи за манипулирање на фактите.