Некои медиуми објавија дека полицијата најверојатно ќе влезе во приватни домови, поради зголемениот број лица дијагностицирани со „Ковид-19“, како што е наведено во овие написи. Ваква вест секако предизвикува загриженост кај граѓаните, уште повеќе кога написот не е доволно јасен. Полицијата не може да влезе во куќи без наредба и дозвола од надлежните органи, освен во исклучителни случаи, но не можат да го сторат тоа без посебна причина, односно без никакви сомневања или докази дека е сторено кривично дело, без никој да направи повик за помош, како и во други случаи регулирани со закон
Линк до оригиналниот напис: Бројни случаи во Македонија, полицијата: ќе влеземе по куќи Raste të shumta në Maqedoni, policia: Do të hyjmë nëpër shtëpi
Датум на објавување: 4.6.2020
Датум на рецензија: 7.6.2020
Рецензира: Наиле Даути
Каде и како започна оваa дезинформација
Целиот ланец на оваа дезинформација започна од веста што се емитуваше на телевизија „Алсат“ на 1 јуни, во која авторот се осврна на прашањето за свадби во некои делови на Скопје, кои се сметаа за жаришта на вирусот поради големиот број заразени. Во истата вест беше цитиран заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој го изјави следново:
„Сакам да апелирам до сите овие семејства да се откажат од овие активности затоа што е забрането да се организираат свадби и настани на кои учествуваат луѓе во голем број. Полицијата нема да прости овде, ние ќе интервенираме и ќе престанеме со каква било активност или манифестација“.
Во веста на ТВ „Алсат“ не беше речено дека заменик-министерот Нухиу изјавил оти полицијата ќе влезе во приватни куќи, туку само дека повикал да не се организираат свадби или други забави, затоа што ќе интервенира полицијата со апсење, казнување и ставање учесници во колективен карантин.
Три дена подоцна (4 јуни), во истите медиуми, повторно се заврти истата тема, овој пат со наслов: Продолжуваат собирите во рестораните за време на пандемија. Овој пат, во веста се велеше: „Пред неколку дена, Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе интервенира со полицијата во ресторани или приватни куќи, но во случајот на оваа забава, полицијата не гледаше, а раководителите на одделенијата рекоа дека полицијата нема да прости“. Ова се однесуваше на изјавата од 1 јуни, но овој пат беше искористен само последниот дел од изјавата на заменик-министерот Нухиу, поточно следниот дел:
„Полицијата тука нема да прости, ние ќе интервенираме и ќе престанеме со каква било активност или манифестација“.
Од изјавата јасно се гледа дека заменик-министерот не кажа оти ќе интервенираат во ресторани и приватни куќи, барем тој не го кажува тоа во делот на изјавата што се користеше во прилогот.
Ова беше очигледно изворот, од каде што Телевизијата „Топ-чанел“ во истиот ден ја објави веста со наслов: Северна Македонија, се зголемуваат инфекциите/ Полицијата: ќе влеземе по куќи! Во веста се спомнува забавата во еден ресторан во Куманово, споменат и на ТВ „Алсат„.
„Службениците за спроведување на редот велат дека ќе интервенираат со полицијата во рестораните, па дури и приватните домови, јавуваат медиумите од земјава. Најголемиот број нови случаи остануваат во главниот град“, се вели, меѓу другото, во веста на овој медиум.
Иако се споменува дека тоа го кажале локалните власти, не се спомнува кој точно, ниту ни кои медиуми објавиле, кога всушност тој ден оваа тема со контекстот што го обработил „Топ-чанел“ се третираше од ТВ „Алсат“. Ваквите генерализации обично се прават за да се избегне споменување на медиумот или вистинскиот извор на веста.
Сепак, оваа вест беше дистрибуирана со речиси ист наслов од страна на некои онлајн-медиуми од земјата, без промена ниту на точки или запирки, едноставно, копирајќи го текстот. Подолу се дадени линковите на некои медиуми што ја објавија веста:
- Raste të shumta në Maqedoni, policia: Do të hyjmë nëpër shtëpi Бројни случаи во Македонија, полицијата: Ќе влеземе по куќи – Fol.mk
Raste të shumta në Maqedoni, policia: Do të hyjmë nëpër shtëpi Бројни случаи по Македонија, полиција: Ќе влеземе во куќи – Nëshesh.mk
Raste të shumta në Maqedoni, policia: Do të hyjmë nëpër shtëpi Бројни случаи во Македонија, полиција: Ќе влеземе во куќи – tetovasot.mk
Raste të shumta në Maqedoni, policia: Do të hyjmë nëpër shtëpi Бројни случаи во Македонија, полиција: Ќе влеземе во куќи – ina-online.net
Проблемот со неидентификување и необјаснување на читателите од онлајн-медиумите од земјата, е професионална и етичка грешка што е направена во овој случај.
Функционерите да даваат одговорни и јасни изјави
Иако од она што успеавме да го видиме колку ишто е пласирано и речено, не може да се заклучи дека заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го изјави точно тоа што го пренесуваат медиумите. Меѓутоа, ако е така како што се претстави во прилогот на Телевизија „Алсат“, ова треба да биде уште една причина функционерите да бидат многу внимателни во врска со тоа што го кажуваат и како го кажуваат тоа.
По оваа дезинформација реагираше тетовскиот Сектор за внатрешни работи, отфрлајќи ги овие информации како невистинити.
„Секторот спроведува контроли што се фокусираат на целосна имплементација на уредбите на владата, чија цел е да се спречи ширењето на Ковид-19. Во овие активности, ќе се проверува носењето маски од граѓаните на јавни места со отворен и затворен карактер. Исто така, интензивно ќе се контролира почитувањето на протоколот за работа во хотелски објекти и други јавни објекти, додека во регионите каде што е на сила полицискиот час, тие ќе бидат контролирани во согласност со наредбата за ограничување на движењето“, се вели во реакцијата на СВР.
Полицијата може да влезе во приватни објекти, по исклучок
Полицијата може да спроведува претреси во приватни домови или во други затворени простори, но тоа може да го стори само по наредба и одлука на надлежниот суд или по наредба на надлежниот јавен обвинител. Сепак, во Законот за полицијата постојат исклучоци кога се дозволува влез без писмена наредба: во случаи кога некој дома повикува на помош, во случај да се избегне сериозна закана за животот и здравјето на граѓаните, во случај на избегнување сериозно оштетување на имотот на граѓаните, доколку има лице што треба да биде приведено или присилно донесено со судски налог, за лишување од слобода на некој што е фатен како сторил кривично дело што се гони по службена должност и може да влезе во кое било место каде што било сторено кривично дело, со намера да изврши увид. Во некои од овие случаи, полициските службеници при преземање дејства мора да постапуваат во согласност со Законот за кривичната постапка.
Сигурно читателот не го пропуштил делот што веројатно ќе изгледа контроверзно во однос на статијата, интервенцијата на полицијата без налог – во случај да се избегне сериозна закана по животот и здравјето на граѓаните. Но, овој вид исклучок не се однесува на оваа состојба, затоа што полицијата не може да го заштити граѓанинот од нешто невидливо, освен да контролира изолирани и самоизолирани лица, групирани лица, кои можат да претставуваат закана за здравјето на другите и ова веќе го спроведуваат полициски службеници. Но, полицијата не може и нема право, освен од овие причини да спроведува претреси во приватни домови.
Според Кодексот на етика за новинарите, новинарот мора да го објави демантот кога информациите се неточни, но овие медиуми не го направија тоа.
„Новинарот ќе се обиде да гарантира објавување на корекција, демант и одговор, доколку се потврди неточноста на информацијата“ – член 3 од Етичкиот кодекс.
Во целиот овој ланец на (дез)информации, користена е манипулација со Повикување на можност, кога авторот на статијата тврди дека фактот оти има голем број заразени лица, веројатно создава можност да има полициска контрола во приватни домови. Повикување на авторитет, од друга страна, неоправдано е толкуван како вистински, затоа што е пренесен од надлежно лице, но би било посоодветно новинарот да побара дополнителни информации за можноста за спроведување таква акција. Деталите се клучот на нејаснотиите, а љубопитноста за истото не треба да недостасува кај новинарите.
Денешниот читател има безброј можности да ги потврди ваквите информации. Сè што некогаш мораше да се бара во печатена форма, сега е достапно на Интернет и бесплатно. Затоа, граѓаните во вакви случаи можат да ги прочитаат и разберат своите права и обврски по што ќе знаат што е правилно и што е задолжително, каде започнува и каде завршува нивната слобода и слично.
Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.