Половични информации може да поттикнат дискриминација, омраза или насилство

Fotografi nga lajmi që recensohet

Важните информации не можат да се пренесат само со неколку збора и без официјални извори. Вестите за одредени судири од религиозно потекло секогаш го привлекуваат вниманието на читателите, затоа претпазливоста кога се информира за такви прашања мора да биде на високо ниво. Информацијата што ја разгледуваме не ги почитува новинарските принципи.

Fotografi nga lajmi që recensohet
Фотографија од веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: Полицијата со инспектори оди во џамијата во Струмица за да го намали тонот на езанот (ВИДЕО): Policia me inspektorë shkon në xhaminë e Strumicës për t’a ndalë zërin e lartë të ezanit (VIDEO)

Датум на објава: 13.9.2019

Датум на рецензија: 22.9.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Од видеоснимка обезбедена од некои медиуми се забележува активност за која велат дека е обид на струмичката полиција да ги натера одговорните лица од џамијата да го намалат нивото на звукот на уредот што го пренесува езанот (исламски повик за молитва што го упатува одговорното лице од минарето на џамиите – н.з.). Според истите медиуми, во видеото се прикажани жителите на засегнатата населба, кои се против потегот на полицијата. Информацијата дадена без дополнително објаснување го збунува читателот повеќе отколку што го информира.

Недостаток на извори за да се потврди веста до крај

Извор на информирање за да се разјасни ситуацијата дадена во овој случај се институциите, џамијата, струмичката полиција, Општина Струмица и др.

  • Освен опис на ситуацијата, авторот не му нуди на читателот ниту еден друг детаљ.
  • Како дошло до петицијата на жителите од другите религиозни заедници – не се дава никаква информација, но се претпоствува дека тие што ја потпишале петицијата им припаѓаат на другите заедници?
  • Кој е ставот на муслиманската заедница, која излегла на улица за да се спротивстави на ваквиот чин?
  • Кој е ставот на општината и полицијата?
  • Колку имаат право властите да преземаат вакви акции? И друго…

Овие се многу битни и потребни прашања, на кои авторот не се обидел да им најде одговор.

Во истата населба се наоѓа една црква, но таа никогаш не претставувала проблем за локалните жители од муслиманската заедница”, се вели во веста што ја прегледуваме.

Ова е фарса на авторот, но ако не го велат тоа жителите, се смета како поттикнувачка, субјективна и пристрасна и воопшто не е неопходна.

Етичкиот кодекс на новинарите е јасен, а авторот не го почитува:

„Новинарот нема свесно да креира или обработува информации што ги нарушуваат човековите права и слободи, нема да користи говор на омраза и нема да поттикне насилство или дискриминација од која било основа (национална, верска, расна, општествена, јазична, политичка или врз сексуална ориентација…)“

 

Техники на манипулација

Авторот се потпира на недостаток на против докази за да го прикаже како вистинито само она што го гледаме во видеоматеријалот. Тој исто така користел случајни аргументи за да го објасни настанот во целост, но без да формира целосен мозаик и не обезбедувајќи го соодветениот контекст.

За читателите: Не бидете жртва на медиумско поттикнување, барајте го контекстот на настаните

Без оглед на личното убедување и проценката на авторот, секој настан мора да се третира објективно за да се добие пореална слика за тоа што се случило. Без тоа, таквите информации може да поттикнат само омраза врз религиозни основи, без да се знае вистината која може да биде различна ако ги прашуваме сите засегнати страни да ја опишат ситуацијата.