Рекордот во измерени промили алкохол е 4,83 и го држи прилепчанец од 2011 година

Оваа објава, која се споделува на „Фејсбук“, содржи дезинформација. Рекордот на измерени промили алкохол во крвта е 4,83, а не 3,87 како што пренесува постот

 

 

Пост на „Фејсбук“ шири дезинформација дека е забележан рекорд во измерени промили алкoxoл во кpвта во Македонија. Станува збор за измерени 3,87 промили алкохол во крвта на еден возач. Нашата проверка покажа дека ова, сепак, не е рекорд.

Постот што го рецензираме споделува текст во кој се посочува дека „рекордни 3,87 промили алкохол вчера во 22:03 часот му биле измерени во крвта на возач, кој бил запрен од сообраќајната полиција во Скопје“.

Ова дефинитивно е македонски рекорд во измерени промили на алкохол во крвта бидејќи, според досегашните сознанија, најголемото количество алкохол во крвта кај учесник во сообраќајот измерено со дрегер изнесувало 3,83 промили, се вели во текстот.

„Вистиномер“ се обиде да ја провери оваа информација во МВР, односно да дознаеме дали ова навистина е рекорд во измерени промили алкохол во крвта на возач во Македонија. Оттаму ни посочија дека не водат таква евиденција.

Точно е дека ова е рекорд откако започнавме со спроведување на засилените акциски контроли на патиштата. Но, дали е ова рекорд досега не можам со сигурност да ви кажам, бидејќи МВР не води таква евиденцијани изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Но, нашата проверка продолжи на „Гугл“ каде што откривме дека рекордот на измерени промили алкохол во крвта го држи прилепчанец и тоа од 2011 година.

Во Македонија рекордот за возење под дејство на алкохол сè уште го држи прилепчанецот Ѓ.М. Поставен е пред 7 години, во 2011 г., кога прилепчанецот во полицискиот дрегер „дувнал“ неверојатни 4,83 промили алкохол, пишува порталот „Курир“ во 2018 година.

 Информацијата ја пренеле и други медиуми.

Според тоа, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме содржи дезинформација. Рекордот на измерени промили алкохол во крвта е 4,83, а не 3,87 како што пренесува објавата.

 

Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „Критинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.