Медиумите во никој случај не треба да искривуваат одредени ситуации и да ги користат за да шпекулираат, како во написот што ќе го разгледаме. Од тука проценуваме дека медиумот наместо да информира, манипулира и ја дезинформира јавноста
Линк до оригиналниот напис: „Што прослави Али Ахмети? Својот роденден или падот на шестиот премиер по ред“ “Çfarë festoi Ali Ahmeti? Ditëlindjen e tij, apo rrëzimin e kryeministrit të 6 të me radhë”
Датум на објавување: 3.01.2020
Датум на рецензија: 3.12.2020
Рецензира: Фатбарда Цури
Прашање и „заборавен“ одговор
Основниот принцип на професионалното новинарство е да одговори на секое прашање од јавен интерес. Но, доколку медиумот решава да постави други прашања, во написот треба да има и одговори на истите прашања.
„Што прослави Али Ахмети? Својот роденден или падот на шестиот премиер по ред“, се вели во насловот што го разгледуваме.
Но, и покрај основниот принцип напишан погоре, медиумот повторно решил да не го испочитува и на тој начин да го прекрши професионалниот стандард. Не беше доволно само поставувањето прашања и недостатокот на одговори за нив, туку медиумот преку написот, се „демантира“ самиот себеси.
Веста почнува со информацијата дека претседателот Али Ахмети денета го прослави роденденот во Собранието, а потоа се вели дека роденденот „се совпаѓа со разрешувањето на премиерот“.
Никаде во написот други медиуми не наведуваат дека „Али Ахмети го слави падот на премиерот“, што во текстот што го разгледуваме посочениот медиум решава да го постави како прашање во насловот.
Оттука заклучуваме дека медиумот манипулирал опасно употребувајќи го концептот „лажна аналогија“, опишан во Прирачникот на Критинк, кој претставува тенденција да се направи аналогија меѓу две неповрзани работи, а потоа да се користи аналогијата за да се направи претпоставка. Во овој случај, медиумот ја поврза роденденската забава на Ахмети за да покаже дека тој го прославил заминувањето на шестиот премиер, што во случајов, е оставката на премиерот Зоран Заев.
За читателите: Аналогиите на медиумите не секогаш имаат смисла
Случајот со написот што го разгледавме треба да покаже дека не секоја аналогија направена од одредени медиуми „има смисла“. И затоа, секогаш прашајте се: „Дали има смисла оваа аналогија од овој медиум?“. Ако не успеете да добиете одговор, обидете се да видите дали некоја од ситуациите за кои се создава аналогијата е предодредена. Во случајот со роденденот на Ахмети, станува збор за нешто што не може да се менува, ама оставката на Заев и формирањето на Владата е настан што беше утврден кога беше решено да имаме парламентарни избори на 12 април оваа година.