Секое видео со тепачка не е вест сама по себе

Илустрација

Пред речиси секој изборен циклус, освен што се вклучуваат пропагандните мотори, меѓуетничката состојба во земјата е, исто така, напната и секогаш има информации за тепачки, напади и други работи што го привлекуваат вниманието на јавноста, со цел да се дефокусира. Некои онлајн-медиуми со нетрпение чекаат вакви ситуации, бидејќи се знае дека интересот на читателите се зголемува, а со тоа и кликнувањата. Во овој случај, потребно е само видео со тепање и навредување и без да се потврди ништо, „веста“ се шири со голема брзина. Таква е веста што ја разгледуваме

 

Фотографија од веста што се прегледува

Линк до оригиналниот напис: „Се објавува видео од тепачка меѓу една албанска и една македонска навивачка група“ Publikohet video nga rrahja në mes tifo grupit shqiptar dhe atij maqedonas

Датум на објавување: 23.12.2019

Датум на рецензија: 16.1.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

Авторот објавил видео, ја опишал содржината на видеото и го крунисал со пристрасен наслов. Во текстот се опишува местото каде што се случил настанот, целата содржина на видеото е опишана текстуално, но без да се разјасни кои биле лицата во видеото. Авторот нема ниту официјални информации од Министерството за внатрешни работи, додека во билтенот на Министерството, до моментот кога е пишувана оваа рецензија нема извештај за ваков судир.

Новинарот не смее да поттикнува меѓуетничка омраза

Авторот се повикува на неофицијални извори и зборува за судир меѓу навивачките групи „Шверцерите“ и „Комитите“, групи на етнички Албанци и Македонци, додека судирот го поврзува со претходен инцидент, збунувајќи го читателот уште повеќе. Авторот исто така споменува дека ова не се случува прв пат и оти поттикнувањето меѓуетничка омраза секогаш се случува пред избори, со цел промовирање на националистичката политика и собирање гласови.

„Според неофицијални извори, се вели дека напаѓачите се од навивачката група ’Шверцери‘, кои со оваа акција се одмаздиле за инцидентот од пред неколку дена, кога „Комитите“ нападнаа неколкумина Косовци во Скопје. Ова не е прв настан од ваков вид. И порано, особено пред изборите, одредени политички групи промовираа меѓуетничка омраза за дневни политички поени, промовирајќи националистички политики“, се вели во текстот.

Веста треба да биде сеопфатна

Новинарот треба да се залага веста да биде сеопфатна, да содржи што е можно повеќе информации и да даде што е можно повеќе извори, официјални извори и експерти, во зависност од тоа колку се објективни. Особено во случај на чувствителни вести како што е текстов, новинарот е должен да ги припише ваквите изјави, што се смета за минимално ниво на сеопфатност на веста.

Тој, иако предупредува на опасноста дека настани од таков тип се случуваат по шаблон пред избори, не се потридил да добие никаква официјална информација за настанот.

Концептите на манипулација „Повик до традиција“ и „Лажна аналогија“


Авторот се обидува да го претстави својот текст како вистинит, само затоа што одговара на искуството и традицијата. Авторот дури го потенцира ова на крајот на текстот. Авторот го користел и концептот на манипулација „Лажна аналогија“ со поврзување на случајот со нападот врз косовските граѓани во Скопје и случајот за кој ние правиме преглед, под претпоставка дека се поврзани еден со друг. Овие концепти се опишани во Прирачникот за критичко мислење на „Критинк“.

Тенденциозен наслов не треба да ве измами

Ако видите таков текст, каде што насловот е тенденциозен, содржината може да поттикне насилство и омраза, нема извор на информација, а нема ни официјална потврда од надлежните институции, најверојатно, читате празен текст, кој ни во најмала рака не е информација.