Со потсмев и исмејување, веста нема тежина

Потсмејувањето и исмеjувањето на функционерите не е нешто непознато ниту во нашиот медиумски простор ниту во светот. И тоа кога станува збор за нешто што е поврзано со неговата функција. Сè што е поврзано со неговата активност како државен службеник мора да се мери, контролира, може да има и доза на сарказам ако е потребно, но во човечка мера, бидејќи и во новинарството постои етика, која што ни забранува да се занимаваме со животите на функционерите ако тоа нема никаква врска со неговата работа

 

 

Линк до оригиналниот напис: Заменик-министерот Максути „ради реда“ само 15 секунди пред камерите (Видео)

Датум на објавување: 5.2.2019

Датум на рецензија: 21.2.2019

Рецензент: Ферикан Илијази

 

 

 

 

Во овој случај авторот на текстот се обидел да го исмејува заменик-министерот за одбрана на посреден начин.

Како да е срамно еден заменик-министер да не биде дел од телевизиските кадри кога дава изјава министерката. И ова е целата вина на заменик-министерот Беким Максути. Што не се нашол на вистинското место и во вистинско време за да го фатат камерите.

Заменик-министерот Беким Максути денес е виден на првиот ред за време на говорот на неговата шефица, министерката Радмила Шекеринска, но една работа што може да се забележи од неговото појавување во видеото земено од профилот на министерката на социјалната мрежа „Фејсбук“, е дека заменик-министерот „Ѓон Бозуку“ се гледа „ради реда“ само 15 секунди пред камерите, пренесува „fjala.mk“, се вели во текстот.

Она што е разочарувачко во овој напис е фактот дека авторот користел омаловажувачки прекар „Ѓон Бозуку“(грешка што ја употребил Максути при една јавна изјава за творецот на албанската азбука – н.з.).

 

На читателите не ми се допаѓаат омаловажувањата, бараат информации

Читателите забележуваат веднаш кога има вакви омаловажувања, бидејќи и тие, како и новинарите, активно ги следат дневните случувања и вестите. Затоа, кога се користат омаловажувачки прекари, уште во самиот наслов, а и потоа во текстот, може да се забележи гневот на авторот на текстот кон заменик-министерот.

Читателите имаат право да добијат релевантни информации од една вест, а не да им се сервираат текстови што имаат цел да ги омаловажуваат луѓето, без разлика што се носители на јавни функции.