[Рецензија: Шок од Словенија!! Не ги лажете Македонците, ЕУ е слаба и нема место за Србија и Македонија]
Оваа информација е неточна и манипулативна. Насловот е составен намерно и тенденциозно да се омаловажат и претстават бескорисни и бесцелни сите напори земјата да се доближи до ЕУ и да стане рамноправна членка на Европската Унија. Ова се сопки пред референдумот.
Може да предизвика и негативни последици кон Словенија, која ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ, бидејќи од Стратешкиот форум кој се одржува на Блед во Република Словенија не пристигнала, како што е наведено во насловот, вест: „Шок од Словенија!! Не ги лажете Македонците, ЕУ е слаба и нема место за Србија и Македонија“. Во демантот пристигнат од Канцеларијата на нивниот претседател Борис Пахор упатуваат изворно да се прочита неговата изјава.
Наслов на текстот: Шок од Словенија!! Не ги лажете македонците, ЕУ е слаба и нема место за Србија и Македонија
Датум на објавување: 13.9.2018
Датум на рецензирање: 14.9.2018
Рецензент: Александар Писарев
Информацијата се потпира на неколкупати „преџвакана“ вест од разни агенции, кои го прераскажале говорот на словенечкиот претседател Пахор на Форумот во Блед. Агенцијата „Бета“, како што објаснуваат во демантот и од Амбасадата на Словенија во Босна, ги извадила од контекст неговите зборови и неточно ги пренела. Регионалните медиуми и портали ја пренеле веста на српската агенција „Бета“, таа ја презела од британскиот „Експрес“, а тој ја пренел од италијанската агенција „Нова“ (веста е повлечена и не може да се пронајде на нивните веб-страници).
Бидејки веста е неточна, од Канцеларијата на словенечкиот претеседател упатуваат медиумите од регионот да ја прочитаат точната информација на нивната официјална веб страница .
Меѓутоа, она што е забележливо и во неточно пренесената и парафразирана вест никаде таксативно не е спомната Македонија „за која нема место во ЕУ“.
Вистината е сосема различна. Претседателот на Словениј се заложил за европската идеја и за проширување на ЕУ и кон земјите од Западен Балкан. Пахор единствено рекол дека: …„блокот не може да се надева на приемот на Србија, Црна Гора и Албанија како нови членки во сегашната состојба“… Значи, Македонија никаде не е спомната.
Завршницата на текстот е контрадикторна со насловот, кој пред референдумот шири песимизам и сега се обидува да шири „оптимизам“:
ЕУ понуди перспектива за пристапување на шест земји од Западен Балкан, кои треба да исполнат строги критериуми за да бидат прифатени како нови членки и дека преговорите за пристапување веќе почнаа со Србија и Црна Гора и оти 2025 година се спомнува како датум кога тие би можеле да станат полноправни членки на Унијата, како и дека ЕУ се надева оти дотогаш Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово веќе ќе бидат на добар пат за приклучување кон Унијата.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.