Стара фотомонтажа употребена против Милошоски и Димовски

Стара фотомонтажа, која и претходните години беше објавувана на социјалните мрежи, a на која се гледаат актуелниот пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и неговиот сопартиец Илија Димовски, на врв од планина со знаме на Бугарија, повторно е злоупотребена во вирален пост на Фејсбук со придружен текст: „Од времето кога Антонио Милошоски беше Бугарин а сега е антички Македонец.

Знамето на Бугарија е додадено на оригиналната фотографија, односно ваквата фотографија е лоша монтажа, која се користи за манипулирање на јавноста во актуелната состојба со македонско-бугарските односи и тоа во контекст на внатрешни препукувања меѓу членови на различни политички партии во Фејсбук групи.

Оригиналната фотографија, пак, е без бугарското знаме и забележливо е дека е со постар датум, односно дека не е снимена годинава. Со оглед на сето ова, комплетно невистинито е тврдењето дека фотографијата е „од времето кога Милошоски бил Бугарин а сега е антички Македонец“.

 

Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „КриТинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонснаведи извор-без изведени дела.