Написот што го рецензираме ги нема клучните елементи што ја карактеризираат една вест. Кога читателот ќе го прочита написот, не само што не добива одговори, туку му се појавуваат многу прашања. Ова е затоа што самиот автор не одговорил на најсуштинските прашања: Како, Кога, Каде и Зошто. Само едно прашање има одговор, а тоа е Кој. Но, како, наведеното лице – Артан Груби, го наметна тоа што го пишува во текстот, кога, каде го стори тоа и зошто е тој „човекот што ги решава“ овие проблеми, читателот нема да разбере од овој текст. Текстот, едноставно, величи, му дава заслуги и возвишува еден функционер, но не дава убедливи причини и факти за тоа.
Линк до оригиналниот напис: Артан Груби успеа да наметне албански имиња за скопските улици
Датум на објавување: 21.2.2021
Датум на рецензија: 14.3.2021
Рецензент: Наиле Даути
Манипулативен наслов
Во повеќето случаи, почнувајќи од насловот на веста, можеме да разбереме за каква вест станува збор. Во написот што го рецензираме, лесно може да се разбере дека повеќе се работи за коментар на новинарот отколку за вест. Насловот, всушност, многу добро ја отсликува неговата содржина, т.е. лесно може да се заклучи дека написот воспева одредена личност и е пристрасен.
Напис што покренува прашања, но не нуди одговори
Овој напис ги нема основните елементи врз кои треба да се изгради една вест. Не дава одговори на најсуштинските прашања во новинарството, кои природно се појавуваат кај читателот кога сака да разбере одредена ситуација.
Со назначувањето на Артан Груби на позицијата прв заменик-премиер, проблемите на Албанците не исчезнаа, напротив, тие излегоа на површина како ненадејно, но она што паѓа в очи е дека за секој проблем што ќе се појави, се наоѓа долгорочно решение со потполна компетентност и сериозен пристап. Неодамна, се чини дека Артан Груби наметна над 100 скопски улици да носат имиња на албански личности од областа на уметноста, културата, литературата и политиката, но и имиња на национални херои и маченици, се вели во текстот.
Без да се наредат пофалби, читателот заслужува да разбере како се случило Груби да наметне улиците да носат имиња на албански личности. Во текстот не е објаснето како Груби, од својата позиција, наметнал користење на имиња на албански личности за скопските улици, кога ова е проект на Град Скопје, во кој што се вклучени мислењата на граѓани, процес што почна во 2019 година, време кога Груби не беше ниту вицепремиер ниту министер.
Прекршен е принципот – „професионално растојание од политиката“
Она што паѓа в очи во овој текст е фактот дека новинарот наместо да бара одговорност од функционерите за неисполнување на дадените ветувања, се случува спротивното, се фали функционер за нешто што не е јасно или не е аргументирано зошто за именувањето на улиците заслугите му припаѓаат на наведениот функционер.
Вреди да се спомене улогата и поставеноста на Артан Груби кон премиерот Заев било да се работи за организацијата на канцелариите или за водењето на седниците, официјалната употреба на албанскиот јазик во институциите, дистрибуцијата на администраторите, но и транспарентните економски мерки и капиталните инвестиции во албанските средини. „Со овие резултати и позитивното влијание врз важни прашања за Албанците, изборот на Али Ахмети за назначување на Артан Груби на најважната позиција во Владата, се смета за погоден и многу разумен, се вели во текстот.
Во овој случај, е прекршен еден не помалку важен принцип на Етичкиот кодекс на новинарите, а тоа е професионалното растојание од политички субјекти, што не го исклучува и растојанието од функционерите што обично му припаѓаат на одреден политички субјект.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти, се вели во точка 14 од Етичкиот кодекс на новинарите.
Во текстот се издвојуваат два до три вида манипулации. „Лажна аналогија“ , „Тенденција да се потврди сопствената гледна точка“, а до некаде се користи и „Повикување на емоции”.
Првата доаѓа до израз кога авторот направил аналогија помеѓу две работи што воопшто не се совпаѓаат. Значи, тој без факти тврди дека функционерот кој е спомнат во написот, именувал или влијаел на именувањето на улиците со имиња на албански личности.
Што се однесува до втората манипулација, авторот ниту се обидел да пронајде информации кои би го потврдиле неговото гледиште. Значи, се работи за евтина и обична манипулација, којашто не може толку лесно да им го „испере мозокот“ на читателите.
„Повикувањето на емоции“ се забележува во моментот кога авторот одбрал токму преку оваа информација, која може да влијае на албанските читатели, да направи аналогија и во некоја форма да води кампања за Артан Груби.
За читателите
Преку ваквите написи е многу едноставно да се разбере дека овие медиуми се политички обоени или дека нивната цел не е да информираат, туку да влијаат врз масите и да водат кампања за одредена политичка партија или одреден клан во партијата.