Статусот што е предмет на оваа рецензија беше објавен на „Фејсбук“ нa три различни страници на албански јазик на 28 и 29 јули и брзо стана вирален со повеќе од 500 споделувања. Станува збор за информација во која се тврди дека наводно обвинителство, по многу сомнежи за Ковид-19, наредило откопување гробови, по што тие се покажале празни. Ова, пак, го наведува авторот на статусот да тврди дека станува збор за измама. Она што е вознемирувачки, тоа е фотографијата на свежо откопан празен ковчег, а во објавата нема прецизирано ниту каде, ниту како, ниту, пак, кога се случува овој настан, туку само е споделена фотографија, при што во краткото објаснување се вели:
Откако некои се жалеа за измама ПРИ закопувањето на жртвите од Ковид-19, обвинителството наредило да се отворат гробовите и тие се покажале празни,. едноставно станува збор за измама.
Па, така, лесно може да се добие впечаток дека настанот се случува во нашата земја или, пак, некаде „блиску“ до нас.
Наслов: Фејсбук статус
Датум на објавување: 29.6.2020
Датум на рецензирање: 4.7.2020
Автор: Дрилон Салиу
Но, за што всушност станува збор?
Тврдењето е апсолутно неточно и целата конструкција претставува лага. Со проверка на „Гугл“ може да се потврди дека станува збор за „увоз” на масовна дезинформација објавена на 23 април, некаде во амазонските шуми. Уште повеќе, при едноставна проверка на фотографијата со наредбата Search Google for this Image на „Гугл хром“, на пример, се дознава дека ниту сликата не е направена во контекст на пандемијата на коронавирусот, туку дека станува збор за нешто сосема друго. Таа е снимена во 2017 година од страна на фоторепортерот Милтон Рогерио, од порталот Сао Карлос Агора, а станува збор за измама при животно осигурување. Ова манипулација е проверена од многубројни сервиси за проверка на факти и уште во мај е категоризирана како дезинформација и од нашите колеги за проверка на факти од Бразил. И нашата колешка, Арбнора Мехмети, исто така, го утврди идентичното потекло на оваа фотографија на својот фејсбук-профил.
Ваквите (дез)информации, освен што немаат никаква допирна точка со професионалното информирање, туку се вознемирувачки, влеваат паника и несигурност во општеството во време на пандемија и се крајно опасни, особено ако со нив се манипулира во локален контекст, како во овој случај. Читателите треба да внимаваат секогаш кога ќе налетаат на вакви (дез)информации, треба евентуално да се обидат да ги проверат со гугл-алатките, ако се во можност, или, пак, преку сервисите за проверка на факти, каков што е „Критинк“.