Месец: м.г

Злоупотребена фотографија

Текстот што го рецензираме е невистинит и тенденциозен, при што има намера да прикаже дека се издаваат лажни државјанства, се со цел референдумот на 30 септември да успее. Фотографијата во текстот, исто така, е злоупотребена од друг настан, а не како што се вели дека се „чека ред за државјанства“.

Неверојатно лесно премолчена вистина

Ова според сите критериуми е исклучително важна изјава на првиот човек на Обединетите нации, најважната меѓународна инстанца, кога е во прашање долгогодишниот спор кој Грција ѝ го имаше наметнато на Македонија во поглед на името на државата и несомнено ја има потребната тежина за да биде третирано како сензација, а доказ за тоа се и повеќе споделувања на овој напис на социјалните мрежи. Проблемот е во тоа што информацијата дека тоа Бан Ки мун го кажал во септември 2018 година, во очи референдумот е – лага

Веродостојноста на „наводните информации“ треба да се провери

Текстот што го рецензираме се засновува на чаршиски муабети, а не на факти,  изјави и проверени информации. Не може да се каже дека е новинарски напис, бидејќи отстапува од основните новинарски правила

„Она што ѝ е на бабата мило, тоа на сон ѝ се снило“

Многу свесно, тенденциозно и смислено е обајвена лажна вест – невистина дека: „Уставниот суд ќе го поништува референдумот“. Тоа е нагласено и во насловот, кој амбициозно се самопрогласува за „Ексклузивен“, најавувајќи ја веста со неколку извичници како „Мегаексплозија“

Неточно пренесена изјава – Тодоров НЕМА да гласа „ЗА“ на референдумот

Текстот на груб начин ја манипулира јавноста со овој напис, почнувајќи од неговиот ударен наслов, па низ целиот текст. Според авторот, поранешниот министер за здравство и висок фукнционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, на панел дискусија рекол дека ќе гласа „ЗА“ на престојниот референдум на 30 септември. Но, тоа е лажна вест