Карактеристики на поддршката
Поддршката во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ се однесува на иницијативи на локални граѓански организации во партнерство со медиуми со кои би промовирале создавање култура на критичко мислење преку промоција на медиумска писменост, односно иницијативи насочени на исполнување на целите на проектот, преку активности прилагодени на потребите на локално ниво во секој од 8-те плански региони.
Проектот ги адресира предизвиците со кои се соочуваат поддржувачите на медиумската писменост, кои се поврзани со потребата да се допре до поширока публика со цел да развијат одржливи и сеопфатни релации меѓу организациите од граѓанското општество, медиумите и граѓаните. При тоа, проектите вклучуваат употреба на дигитални технологии за промоција на содржини за јавна едукација на ефективен и иновативен начин и премостување на препреките кои доведуваат до недостаток на меѓусекторска соработка. Ваквиот пристап има за цел да ги зајакне позициите на граѓанските организации, да ја зголеми нивната понуда на содржини за граѓаните, зголемувајќи го нивниот капацитет за соочување со предизвиците во оваа област.
Носители на апликациите се локални граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиуми (локални или национални), како и соработка со образовни и други јавни институции, како и други релевантни чинители.
Програмата за мали грантови им овозможува на граѓанските организации да допрат до релевантните засегнати страни, да изградат ефективни коалиции кои би можеле да ги зајакнат своите позиции и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.
Список на грантови и грантисти од првиот циклус:
Проект | Организација | Медиумски партнер | Плански регион |
Читај и меѓу редови | Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес | ТВ КТВ – Кавадарци | Вардарски регион |
Медиумски писмен граѓанин-за чест без стрес, најди ја вистинската вест | Здружение на граѓани Медиа Плус – Штип | Радио Канал 77 | Источен регион |
Критичко размислување за активни граѓани | Здружение на граѓани Диверзити Медиа | ТВ Алсат М | Југозападен регион |
Тема за дилема | Здружение за развој на граѓанско образование и цивилно општество ГАНИМЕД – Битола | ТВ 21 | Пелагониски регион |
Младинска медиумска писменост | Центар за Ромска Заедница ДРОМ – Куманово | ТВ Плус – Куманово | Североисточниот регион |
Не биди медиумска мета | Македонски Институт за европски студии – Скопје | Студентско радио ФМ 92.9 | Скопски регион |
Список на грантови и грантисти од вториот циклус:
Проект | Организација | Медиумски партнер | Плански регион |
За млади со критичко мислење | Здружение Мултикултура | Портал Бон Зо | Полошки регион |
Биди и ти МИП генерација | Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ | ТВ ГЛОБИ | Полошки регион |
Јутјуберска платформа за медиумска реформа | Скај Плус Струмица | ТВ Канал ВИС | Југоисточен регион |
Сите вистини на веста | Центар за едукација, култура и активизам МУЛТУС – Гевгелија | 1) Радио Тајм ФМ 2) ТВ Нова 12 3) Портал ДРНКА |
Југоисточен регион |
Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – Едукација за медиумска писменост | Здружение за мултикултурна интеграција ИНКЛУЗИЈА Охрид | ТВ М | Југозападен регион |
Интернет суперхерои | Регионален центар за застапување | ТВ Стар Штип | Источен регион |
Дебатно против медиумска неписменост | Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка Прилеп (АГТИС) | Радио Пела | Пелагониски регион |
Медиумско описменување за критичен младински став | Центар за аудиовизуелни уметности | Портал АБЕРЏИЈА | Североисточен регион |
Развој на медиумска култура кај Ромите за локални промени | Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – ПРОГРЕС | Портал 24 vakti | Скопски регион |
Проверка на информации и идентитети на интернет | КриејтивЕјт- Младинска филмска продукција | 1) Платформа за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА | Скопски регион |
Погледни уште еднаш | Здружение на граѓани Контрапункт- Скопје | Портал Окно | Скопски регион |